Кој игра, некогаш мора и да загуби. За некого губењето е составен дел од натпреварувањето, а за некого начин на живот. Сите ние познаваме по некој губитник кој не знае да го прифати поразот.
Еве на какви сè губитници може да налетате натпреварувајќи се со вашите пријатели или непријатели:
1. Плачкото
Ова е човек кој причината за поразот ја наоѓа во сè, и бара преигрување на натпреварот сè додека не победи тој. Најчесто тоа не се случува, па тој си заминува во солзи, по што и го добива прекарот.
2. Кршачот
Играте ФИФА турнир со пријателите, доаѓа тој на ред и турнирот завршува тука поради недостиг на контролери. Ова е човекот кој може да скрши сè во негова близина, во зависност од висината на поразот. Започнува со удирање по масата, па фрлање на контролерот во некој од околните ѕидови, а крајната фаза е со столче во монитор или телевизор. Другарите добро го знаат неговиот темперамент, па кога случајно ќе победат, даваат сè од себе тоа да изгледа како да било грешка.
3. Гласниот
Сличен на „кршачот“ меѓутоа со многу помирен темперамент, овој човек ќе го чуе цело маало дека изгубил во дадената игра. За среќа на пријателите, најлошото нешто што може да им се случи е само да оглуват од неговото викање.
4. Тепачот
Кога сме кај последици… Сите ние кои детството сме го поминале во играчници, познаваме барем еден ваков лик. Ова е човек кој гневот од својот пораз го „истура“ врз најблискиот поситен човек од него. Најчесто е детето кое за беља го исмевало додека игра, па претходните „жртви“ на неговиот потсмев и не се нешто многу загрижени за здравствената состојба на тоа дете.
5. Тивкиот
Најчесто станува збор за оној кој е најгласен кога води, и не пропушта прилика да се потсмева на противникот за неговата негатива. Меѓутоа, кармата е тука за да ги исправи работите, па како повеќе и повеќе ја губи контролата на натпреварот, така станува се потивок и потивок, за на крај од него да се слуша само гласното и нервозно дишење на нос.
6. Семјуел Л. Џексон
Овој човек претставува движечка енциклопедија за псовки и погрдни зборови. Неговите псовки не познаваат граници, па така започнува со судијата, па играта, па топката, па сè до времето и временските услови, за на крај да ги опфати и пријателите и ривалите околу него.
7. Насмеаниот
Човекот кој воопшто не се замара со натпреварувањето, туку сака да се забавува. Дојден е да се дружи и да ги набљудува лудите пријатели кои си вадат очи поради игра. Кога тој губи, ништо страшно, можеби ќе се потруди некогаш да научи да игра подобро, а до тогаш, пивцето во рака и фаќај си сеир од страна.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден