во , ,

7 Хумористични постери за популарни атракции со негативни коментари од разочарани туристи

Илустратор од Сиетл решил да направи постери за некои од најпопуларните туристички атракции, а во нив вметнува смешни негативни коментари оставени од туристите што ги посетиле, но се разочарале, а всушност истите навистина немаат логика.

Сите сакаме да патуваме и да ги видиме барем најпознатите места и атракции ширум светот, но некогаш, кога ќе стигнеме на самото место, остануваме разочарани.

Многу места ширум светот се популарни само затоа што ги посетуваат многу луѓе, а во реалноста не изгледаат добро колку на фотографиите. Затоа, за секоја дестинација можете да прочитате многу негативни коментари од луѓе кои биле разочарани.

Илустраторот од Сиетл налетал на многу вакви коментари, од кои повеќето биле глупави и смешни, бидејќи воопшто не се оправдани, па решил да ги искористи за неговите постери со популарни дестинации.

Во продолжение можете да погледнете дел од нив:

„Нема магија. Освен ако се важи колку брзо исчезнаа парите“ – Дизниленд, Флорида

Забавните паркови на Дизни се рекламираат како да се најволшебното место на светот, но факт е дека сè што се продава овде е многу, многу скапо.

„Не е ни златен“ – Мостот Голден Гејт, Сан Франциско

Во превод, името на мостот значи „златна порта“.

„Премногу метал за мој вкус“ – Статуата на слободата, Њујорк

„Здодевно! Статуата не се движи“ – Статуата на Исус Христос Искупителот, Рио де Жанеиро

„Само урнатини. Не ги обвинувајте вонземјаните“ – Стоунхенџ, Англија

Коментарот се однесува на луѓе кои веруваат дека Стоунхенџ е направен од вонземјани.

„Само еден куп досадни дрвја“ – Централ парк, Њујорк

„Куп камења во планините“ – Мачу Пикчу, Перу

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Ситуации по кои ќе откриете дали е време за заеднички живот со партнерот

22 Неверојатни примери на уметност од валкани автомобили