во , , ,

8 Изуми на учениците за препишување: „Лажна“ рака на клупата, математичките формули со лак на ноктите…

Препишувавте ли вие на училиште или бевте противници на извлекување по полесниот пат? Кој беше најкреативниот „препишувач“ што го знаете во животот?

Периодов, часовите и предавањата, за жал, се одвиваат онлајн и контролата од страна на професорите е потешко да се спроведе, што и не е толку добро за образованието на децата.

Но, ајде да се потсетиме како беше кога се одеше на училиште. Кои се најсмешните изуми за препишување на учениците?

Дефинитивно, сме против препишување и сме за чесно заслужени оцени. Не сакаме да даваме идеи, туку само да се насмееме на креативноста од одредени ученици.

Најкретивните изуми за препишување:

Ученичка си ги напишала математичките формули со лак на ноктите.

Ученик успеал да го сокрие својот мобилен телефон во калкулаторот за да ги пребарува одговорите на Гугл.

Ученик ставил „лажна“ рака на клупата, а со својата доле пребарува на телефонот за да препише.

Ученик ги напишал формулите на истуткана салфетка, која наводно ја користи за бришење на носот.

Ученик ги изгравирал формулите на ѓонот од своите патики.

Ученик ги испринтал информациите за тестот и ги залепил на шишето од својот пијалак, како етикета со „информации за неговиот состав“.

Ученик глуми дека има повреда, а крие информации за тест под фластерот.

Ученички кријат под здолништето ливчиња со испишани информации.

Ученик сокрил во пенкалото ливче со информации што не може да ги запомни.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Фасцинантни „пред и потоа“ фотографии кои ќе го променат начинот на кој го гледате светот и историјата

20 Луѓе кои сметаат дека правилата постојат за да се прекршат