1. Докторе, ми треба потврда за да не работам.
– Па, што ви фали?
– Епа тоа де – потврда!
2. Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто сте го убиле зајакот кога не сте член на ловечкото друштво?
– А, зошто он ја јадеше мојата зелка кога не е член на моето семејство?
3. Жената: Ти бре, сите пари ги трошиш на кафана!
– Мажот: Што се буниш, ти даваш 50 евра за маскара!
– Жената: Па јас купувам маскара за да ти бидам убава!
– Мажот: па и јас пијам за да ми бидеш убава!
4. Оди Хасо и носи магаре со себе. Го сретнува Мујо и прашува.
– Ама кај си тргнал со тој коњ?
– Море токмак, не е коњ магаре е!
– Ти да ќутиш, тебе не те прашав ништо!
5. Учителката: Перица, за што служи биберот?
– Перица: Па, за спиење.
– Учителката: Е, како тоа за спиење?
– Перица: Епа секоја вечер тато и вика на мама – Дај да ти го збиберам за полесно да заспиеш!
6. Жената го прашува мажот: Драги, ти сакаш паметни или убави жени?
– Ни едната ни другата драга, јас те сакам тебе!
7. Доаѓа политичар дома радосен и ја бакнува сопругата.
– Сè е готово! Избран сум!
– Навистина? Не лажеш?
– Не не, сега веќе нема потреба!
8. Комшики си муабетат:
– Од кај ти е таа модрица под окото?
– Од маж ми.
– Па мислев дека отиде на пат, нели така ми кажа вчера?
– Епа и јас мислев!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден