Во продолжение погледнете 8 едноставни решенија за секојдневни проблеми што им се познати на сите:
Како да го избегнете статичкиот шок?
Сите сме почувствувале електростатички шок, како кога се ракуваме со некого или допираме квака, а овие шокови се почести кога времето е суво и студено.
За да ги избегнете можете почесто да користите лосион за тело – на овој начин ќе ја намалите сувоста на кожата, а со тоа и можноста за да „ве фати струја“. Истовремено, можете да носете чевли со гумени ѓонови кои ќе бидат како еден вид изолатор.
Како да го спречите икањето?
Икањето е предизвикано од мускулите на дијафрагмата кои се стегаат со неправилен ритам. За да го спречите икањето, исплазете го јазикот што е можно повеќе, а можете и да го фатите и да го повлечете со прстите. Нормално, внимавајте да не се повредите.
Како да го спасите поткршениот нокт?
Зарем има нешто полошо од тоа да ви се скрши еден нокт, па да мора да го отстранувате целиот маникир?
За среќа, ако ноктот е поткршен само малку, како на фотографијата горе лево, можете да го „спасите“ со вреќичка од чај. Едноставно, исечете мало парче од вреќичката со чај, ставете го на местото каде што ви е поткршен ноктот и нанесете еден слој безбоен лак. Откако ќе се исуши, малку израмнете го со турпија, па лакирајте ги ноктите.
Како да го спречите паѓањето на косата?
Ако сте забележале дека во последно време ви паѓаат повеќе влакна од вообичаено, мора да обрнете внимание на начинот на исхрана. За да се ослободите од проблемот, почнете да консумирате повеќе храна богата со цинк и железо.
Сепак, ако станува збор за поочигледно паѓање на косата и промената во исхраната не ви помага да го решите проблемот, најдобро е да се консултирате со лекар.
Како да спиете подобро?
Навистина е лошо кога сте преморени, треба да станувате рано следното утро, а никако не можете да заспиете. Во овој случај од помош ќе ви бидат јаткастите плодови, односно костените и оревите.
Овие плодови се богати со мелатонин – хормонот што го регулира спиењето, па ако изедете малку навечер, можат да ви помогнат да заспиете полесно.
Како да се справите со постојаниот замор?
И овојпат најважна е вашата исхрана. Ако постојано се чувствувате уморно, а спиете доволно и немате нарушување што може да биде причина за тоа, голема е веројатноста дека јадете многу храна со јаглехидрати. Затоа, обидете се почесто да консумирате овошје и зеленчук, а брзата и храната со многу јаглехидрати јадете ја што поретко.
Ако ни промените во животните навики не ви помогнат да се справите со заморот, најдобро е да одите на лекар.
Како брзо да го исушите лакот за нокти?
Ако не ви се чека да ви се исуши лакот за нокти, има решение и за тоа. Сè што треба да направите е да наполните сад со студена вода и да ги ставите прстите внатре. Држете ја раката во водата 2-3 минути и вашиот лак ќе биде исушен.
Како вашиот дом да мириса убаво?
Нема потреба да купувате освежувачи за воздух – можете да си направите и сами.
Во тенџере полно со вода ставете две лажици екстракт од ванила и ставете го тенџерето на шпорет околу 20 минути, на температура од 150 степени. Набрзо целиот дом ќе замириса на ванила.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден