Порано едвај чекавме да излеземе на улица, а сега гледаме што побрзо да стигнеме дома. Некогаш купувавме книги и весници, но денес сè попримамливи ни се електронските верзии.
Светот навистина претрпе драстична промена, и тоа за само деценија-две. Технологијата стана главниот двигател на општеството и толку многу ни ги промени животите, што ни се чини дека детството и младоста сме ги поминале во некој друг свет.