Многу луѓе сакаат да експериментираат со својот изглед. Но понекогаш не е толку лесно да го промените вашиот долгогодишен изглед, дури и ако навистина го сакате тоа. Ако размислувавте за промена во вашиот стил, проверете како тоа го сторија некои од овие sвезди и тоа за време на пандемијата.
Лејди Гага
Во минатото Лејди Гага беше позната по нејзиниот екстравагантен и несекојдневен изглед. Но сега таа споделува се повеќе и повеќе фотографии без шминка. Една од најновите промени што ги објави на Инстаграм е нејзиниот изглед што се состои од поприродна шминка без толку светла руса коса.
Кијану Ривс
Многу необичен изглед за актерот доловија фотографите на снимањето на еден филм. Кијану што сме навикнати да го гледаме со подолга коса сега е целосно ќелав.
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон изгледа одлично со различна фризура и боја.
Зое Кравиц
На самиот крај на 2019 година, актерката се ослободи од своите долги дуканици. Според некои гласини, таа ја скратила косата за улога во новиот филм за Бетмен. Во секој случај, Зое го засака новиот стил толку многу што не изгледа како да ќе го менува во скоро време.
Адел
Адел навистина сакаше да ослабе по разводот од сопругот. Таа ослабе неколку килограми и експериментира со облека и фризури што ги споделува со обожавателите преку интернет.
Џесика Симпсон
Симпсон успеа да изгуби 45 килограми. Пред и по нејзината втора бременост таа накачи неколку килограми, а потоа реши да се врати во форма. Таа вели дека успеала да постигне такви зачудувачки резултати со правилна храна и спортска активност.
Кристијано Роналдо
Кога предводникот на Јувентус, Кристијано Роналдо ја објави својата нова фотографија на интернет фановите дознаа дека тој ја скратил косата додека бил болен. Фановите имаа различни реакции на неговиот нов имиџ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден