Поранешната тенисерка Јелена Јанковиќ со сопругот Бранко Барса и ќерката се преселила во Америка, каде што има куќа, дознава Курир. Прославената спортистка реши да го напушти Белград и да ужива во Ранчо Санта Фе во близина на Сан Диего, каде има вила.
Направен е во медитерански стил и се простира на 1.500 квадратни метри. Оваа оаза на мирот има осум спални соби, 11 бањи, соба за билијард, базен, теретана, тениско игралиште, сауна, соба за масажа, кино и винарска визба со 1.500 шишиња. Јелена иако планирала да го продаде пред неколку години, очигледно се откажала од тоа.
Таа е целосно посветена на воспитувањето на своето дете и приватниот бизнис, а во се има помош и поддршка од сопругот, кој поради деловните обврски се почесто е на релација Америка-Србија.
Jeлена од породувањето го промени начинот на живот, за што зборуваше за медиумите во Словенија, кога последен пат јавно проговори:
– Убаво е што си во пензија. Веќе три години сум мајка и живеам мирен живот. Се оградив од медиумите, сакам да имам приватност. Кога играв, беше поинаку. Да се биде број еден во светот е најмногу што некој може да постигне во тенисот. Сонував за тоа како дете. Да се биде најдобар е голем подвиг, додека Грен слем може да освои 50-та или 100-та тенисерка на листата – изјави тогаш таа.
Да потсетиме, Јелена и Бранко се запознале случајно на почетокот на 2020 година . Таа отиде во приватна клиника за да се тестира за корона, каде што го запозна. Таа средба била кобна и за двајцата, бидејќи се родила љубов на прв поглед. Никој не знаеше дека се заедно.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден