Иако никој не може да каже каква навистина ќе стане реалноста, сепак сигурно е дека некои работи ќе се променат.
Обични работи кои за неколку децении речиси ќе исчезнат:
Пластика – речиси и нема да се користи, ќе биде заменета со биоразградливи материјали.
Личен простор и приватност – ќе имаме сѐ помалку интимен простор, односно ќе постојат бази на податоци, безбедносни камери насекаде, фацијално препознавање и тешко дека ќе може да направиме чекор без да се знае за истиот.
Природно забременување – благодарение на технолошкиот прогрес, многумина ќе ги бираат генетски карактеристики за децата, а оплодувањето ќе биде вештачко.
Злато – резервите на злато се трошат и се смета дека за околу 20 години повеќе нема да има резерви на злато.
Продавници – купувањето на производи ќе се сведе на онлајн нарачки.
Пошти – многумина и сега ги „заобиколуваат“ и се користат само кога мора, а пак во иднината речиси сѐ ќе се испраќа виртуелно.
Хаос во сообраќајот – со напредокот на вештачката интелигенција ќе се направат калкулации како да не се создава хаос, а ќе се избегнат незгодите кои се резултат на човечки грешки.
Антибиотици – неконтролираното земање на антибиотици резултира со отпорност на нив на некои болести, па се смета дека во иднина ќе има специјални антитела кои ќе се вбризгуваат во нашите тела, а главната цел на научниците ќе биде се навикнеме на соживот со микробите.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден