во ,

8 Поранешни затвори кои денес служат како удобни и луксузни хотели

Обично хотелите ги гледаме како место за престој додека сме на некое патување, но дали некогаш сте се заинтересирале за нивната историја?

Додека повеќето хотели се градени со таа намена – да бидат хотели, постојат и оние кои се сместени во објект што во минатото се користел за нешто сосем друго. Вакви се и хотелите кои се наоѓаат во градби кои порано биле затвори.

Во продолжение погледнете осум хотели од целиот свет кои некогаш се користеле како затвори:

Het Arresthuis, Холандија

Пред да биде претворен во хотел, Het Arresthuis бил затвор во Холандија. Објектот работел како затвор од 1863 до 2007 година, а од 2011 е претворен во хотел. Некој период, односно од 2002 до 2007 објектот бил користен и како поправна установа за зависници од дрога.

Денес, 105-те затворски келии се претворени во хотелски соби, а просториите што им служеле како канцеларии на управителите се направени апартмани.

Malmaison, Англија

Најпрво, на локацијата на овој хотел во Оксфорд бил изграден замок. Потоа замокот бил срушен и била направена нова градба која служела како затвор во викторијанската ера.

Во 1996 затворот престанал со работа, а објектот бил продаден на ланецот хотели Malmaison. Денес во ентериерот на хотелот се задржани многу работи од затворот како, на пример, железните врати од ќелиите кои сега се претворени во соби.

Alcatraz, Германија

Овојпат не станува збор за познатиот затвор во Сан Франциско, туку за поранешен затвор во германскиот град Кајзерслаутерн. Затворот почнал со работа во 1877, а бил затворен во 2002. Во 2005, пак, го купил еден адвокат кој го претворил во хотелот што е денес. И овде е задржан голем дел од оригиналниот ентериер, а едниот кат не е ни реновиран, па има затворски келии.

The Liberty Hotel, САД

Овој хотел во Бостон бил затвор од 1851 до 1990, кога бил затворен поради големиот број затвореници. Во минатото, овде биле сместувани затвореници од Втората светска војна, но и некои од најозлогласените криминалци од Бостон.

Денес објектот служи како луксузен хотел во кој одлично е зачуван оригиналниот дизајн на ентериерот.

Langholmen, Шведска

Хотелот се наоѓа во Стокхолм, а во 19-иот век објектот бил користен како затвор. Во самиот хотел има музеј посветен на затворот и галерија со дела кои датираат од 1866 година.

Затворот бил активен до 1975 година, а објектот работи како хотел од 1989.

Lloyd Hotel, Холандија

Овој хотел има навистина интересна историја. Најпрво, во 1921, објектот бил користен како хотел за доселеници. Потоа, околу 1939-та, објектот почнал да се користи како засолниште за Евреи. За време на Втората светска војна, пак, хотелот бил пренаменет во казнено-поправна установа за млади лица, а после војната се користел и како затвор.

Дури во 2004 објектот повторно бил претворен во хотел кој работи и денес.

Old Mount Gambier Gaol, Австралија

За разлика од повеќето хотели на листава, Old Mount Gambier Gaol не е луксузен, но собите изгледаат многу удобно. Објектот работел како затвор од 1866 до 1995, а денес скоро сите келии се претворени во мали хотелски соби. Гостите кои отседнуваат во хотелот можат да ги посетат библиотеката и црквата кои биле дел од затворот и не се променети.

Celica, Словенија

Во минатото, во оваа градба имало 20 затворски келии кои денес се претворени во соби украсени со интересни мурали. Муралите во секоја соба имаат различен мотиви и целиот хотел изгледа како мала уметничка галерија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Остров на долговечноста“: Тајна поради која луѓето таму живеат и по 100 години

9 Луѓе кои имаат полош ден од вас