во , ,

8 Работни места кои повеќе не постојат: „Воскреснувач“, работник во видеотека

Како што напредува технологијата, и самите сведочиме како некои работни места стануваат непотребни.

Автоматизацијата замени многу работници во индустријата, а машините одново и одново се покажуваат како многу поефикасни за одредени работи.

Некои работни места, пак, исчезнуваат бидејќи, едноставно, пазарот повеќе нема потреба од тоа што го нудат.

Во продолжение погледнете неколку интересни работни места, кои повеќе не постојат (или се ретки):

Работник во видеотека

Се сеќавате ли на ерата пред интернетот, кога изнајмувавме филмови од видеотеки? Во минатото видеотеките беа популарни во речиси сите држави, но со достапноста на филмовите онлајн, јасно е зошто веќе не ни се потребни.

„Воскреснувачи“

Помеѓу 18 и 19 век, медицинските училишта се потпирале на „воскреснувачите“ кога им биле потребни човечки трупови.

Овие луѓе ги откопувале гробовите, а потоа им ги продавале труповите на универзитетите. Ова станало особено честа појава во Британија, но „воскреснувачите“ биле осудувани од општеството, па неретко ги нарекувале и „крадци на трупови“.

Луѓе-компјутери

Зборот „компјутер“ може да се преведе и како „сметач“, па затоа овие луѓе биле нарекувани компјутери. Пред револуцијата во компјутерската технологија, сложените пресметки ги извршувале луѓе, најчесто жени. Тие работеле во разни фирми, а многу од нив вработувала и НАСА.

Луѓе-будилници

Во минатото луѓето немале будилници, но сепак имале обврски и морале да стануваат рано. Токму затоа се прославиле луѓето-будилници. Овие луѓе оделе по улиците и тропале по вратите и прозорците на нивните клиенти, со цел да ги разбудат.

„Слушачи“ на бојно поле

Пред да се појават радарите, луѓето морале да бидат покреативни за да забележат присуство на некое летало. Се користеле специјални направи за засилување на звукот, а оние кои ги управувале ги нарекувале „слушачи“.

Собирачи на пијавици

И ова работно место било популарно помеѓу 18 и 19 век – се верувало дека кога на пациентот ќе му се закачат пијавици, тие ќе му ја прочистат крвта и тој ќе оздрави. Собирачите се оние кои ги снабдувале болниците со пијавици.

Ловци на стаорци

Во минатото стаорците биле сериозен проблем за населението, па ловците на стаорци биле доста барани. Оваа работа не била воопшто лесна и оние кои ја работеле секогаш биле изложени на огромен ризик да се заразат со што било. Но, токму тие го спречувале ширењето на заразните болести што ги разнесуваат стаорците.

И денес постојат служби кои се справуваат со стаорци, лебарки и слични штетници, но нивниот принцип на работа е многу поразличен.

Помошник за во тоалет

Ова е можеби најчудното работно место на листава. Работното место потекнува од Англија и постои од владеењето на Хенри VIII, а задачата на вработениот била да му зборува на кралот додека тој е во тоалет. На некој начин, оваа личност ѝ била и како советник на кралот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч

14 Глетки од секојдневието кои се мелем за очи