во ,

8 Секојдневни навики кои треба да престанете да ги правите (ако сакате да покажете манири)

Пиење течност од шише наместо од чаша, носење стари пижами со детски апликации, ставање нозе на маса и уште неколку навики кои луѓето со манири не ги прават, а треба да престанете и вие.

Навистина понекогаш е тешко да се практикуваат сите правила кои општеството ги налага, но ако сакате вистински да се наречете човек со манири, тогаш треба целосно да се промените.

Културата и манирите не се покажуваат само кога ќе излезете со луѓе, туку и дома, кога сте сами.

Па, ако сакате да бидете вистинска дама или господин, откажете се од:

Пиење течност директно од шише наместо од чаша

Јадење пред телевизор наместо да се седне културно на маса

Носење стари, избледени пижами или со детски апликации наместо чисти и елегантни

Прескокнување на туширање или чистење шминка

Користење на креветот за други активности како јадење, лакирање и сл.

Спиење на неквалитетна навлака и распар постелнина, наместо свилена која спречува брчки или барем комплетирана

Носење и користење на телефонот во тоалет – независно дали домашен или јавен

Ставање нозе на маса, независно дали сте сами или во друштво

 

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Животни кои ни покажуваат како изгледа вистинската среќа

14 Совети за безбедност што можат да ви го спасат животот и треба да ги знаете