во , ,

8 Совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од крадците на улица

Многу луѓе биле ограбени на улица, и тоа среде бел ден, а во ваквите ситуации тешко дека ќе откриете кој е крадецот, особено ако сте опкружени со многу луѓе.

Крадците користат безброј трикови за да дознаат каде ги чувате паричникот и другите вредни предмети, за потоа да ги украдат кога најмалку очекувате.

Па, за да ги избегнете овие ситуации, добро би било да дознаете нешто повеќе за триковите на крадците и како да се заштитите:

Избегнувајте да користите банкомати на улица, особено навечер

Бидејќи од банкоматите вадиме пари, тие се како магнет за крадци. Ако користите банкомат на улица, крадецот лесно може да го види вашиот ПИН, а потоа да ви ја украде картичката и да си извади пари од неа. Често крадците работат и во пар кога сакаат да украдат пари од банкомат – додека едниот ќе ви го одвлече вниманието со нешто, другиот ќе ги земе парите од банкоматот.

Другата можност е да ве следат откако ќе се тргнете од банкоматот знаејќи дека со себе имате пари.

Секогаш кога можете избегнувајте да користите банкомати на улица, особено навечер, и подобро побарајте некој во затворен простор бидејќи крадците поретко се осмелуваат да крадат на такви места како трговски центар, бензинска пумпа или банка.

Не ги проверувајте паричникот и личните работи среде улица

Немојте да ги броите парите во паричникот на улица, каде што можат да ве видат сите. Ако крадецот забележи дека имате поголема сума, ќе обрне внимание и каде ќе го ставите паричникот, па ќе му го олесните крадењето.

Некои крадци користат и навистина подмолен трик за да дознаат каде ви стојат вредните работи. Ќе извикаат на глас дека некој им го украл паричникот, а во оваа ситуација скоро сите луѓе околу нив ќе почнат да проверуваат да не им недостасува нешто и со ова ќе им покажат на крадците во кој џеб ги чуваат вредните работи.

Бидете внимателни во јавен превоз

Никогаш немојте да ги оставате чантата, ранецот или што било на седиштето до вас, туку секогаш држете ги во раце. На крадците им е многу лесно да ви ја украдат чантата која сте ја оставиле на седиштето и веднаш да излезат од автобусот, а тогаш тешко дека ќе ги фатите.

Исто така, обрнете внимание дали некој непотребно шета низ автобусот. Обично крадците го прават ова за да проверат дали некој не внимава на неговата чанта или слично, за да можат да ја украдат и веднаш да излезат од автобусот кога тој ќе застане.

Купете облека со тајни џебови

Ако знаете дека ќе одите на место каде што често се случуваат кражби, купете си парче облека со таен џеб. Овде ставете ги најважните работи, како поголема сума пари, лични документи и слично.

Избегнувајте чанти кои имаат само копчиња

За најдобро да ги заштитите вредните предмети во чантата, носете модели кои имаат и патент. На овој начин на крадецот ќе му биде многу потешко да допре до вашите работи.

Исто така, ако се движите на место со многу луѓе, најдобро е чантата да биде пред вас, а не од страна.

Внимавајте ако забележите група луѓе кои одеднаш се разделуваат

Веќе напоменавме дека некогаш крадците работат и во група. Ако забележите група луѓе кои влегуваат некаде и одеднаш се разделуваат и се однесуваат како да не се познаваат, голема е веројатноста дека станува збор за крадци. Неретко тие ќе се однесуваат и незаинтересирано за нивното опкружување, со разговарање на телефон или нешто слично.

Во овој случај осигурете се дека нема да им се приближите.

Не застанувајте да гледате ако некој се расправа среде улица

Уште еден трик на крадците кои крадат во група. Повеќето луѓе се љубопитни и сакаат да видат што се случува ако забележат дека некој се кара среде улица, а крадците одлично го знаат ова. Па, двајца можат да почнат лажна расправија, само за да ви го одвлечат вниманието, додека третиот ќе се обиде да украде нешто од вас.

Избегнувајте да се движите веднаш до улица

Доста често се случува крадците да земаат чанти и слично додека минуваат покрај вас на мотор. За да го избегнете ова, немојте да одите веднаш до патот.

Внимавајте кога стоите на ескалатор

Ако стоите на ескалатор и забележите дека некој застанал премногу блиску зад вас, можно е да се обидува да ве ограби. Нормално, не значи дека секојпат кога ќе се најдете во ваква положба станува збор за крадци, но за секој случај, бидете повнимателни.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Младо момче е осудено на 24 години затвор откако усмртило жена и дете, а неговите обожаватели бараат намалување на казната: “Премногу е сладок!”

Кога крадеш автомобил, внимавај да не е на ММА борец