во , , ,

8-те најубави древни урнатини ширум светот

4. Стоунхенџ, Англија

Граден помеѓу 3000 и 1500 година п.н.е., Стоунхенџ е еден од најпознатите споменици од праисторијата. Лоцирана во Вилтшаер, Англија, уникатната структура е направена од два вида камења кои се наредени концентрично. Стоунхенџ и денес претставува мистерија – никој не знае зошто е изграден, но постојат неколку теории. Најверојатно претставувал соларен календар, светилиште за пагански богови или древни гробишта за популарните луѓе.

5. Храмот Луксор, Египет

Често нарекуван и најголемиот музеј на отворено во светот, Луксор е полн со древни урнатини за истражување. Сепак, овој град е домот на храмот Луксор, познат комплекс изграден во 1400 година п.н.е.

Порано познат како Теба, „Градот на сто порти“, Луксор се истакнал во египетската историја. Одовде Тутмос III ги планирал неговите воени подвизи, Акенатен прв пат размислувал за природата на Бог, а Рамзес II ја започнал неговата амбициозна програма за градење. Храмот Луксор е единствениот храм во Теба кој не им е посетен на боговите, туку на кралевите.

6. Помпеја, Италија

Древниот град Помпеја е можеби најинтересната дестинација во Италија. Некогаш жив римски центар, градот бил уништен од ерупцијата на вулканот Везув во 79-та година. Иако облакот од чад после овој ужасен настан закопал сè пред него, вклучувајќи и 2.000 луѓе, сепак го зачувал градот. Сокриен под куп пепел и земја, Помпеја останала заборавена со векови. Во 1748-ма година било направено ископување со кое се откриле многу артефакти и градби кои можете да ги видите и денес.

7. Мачи Пикчу, Перу

Лоциран високо во облаците над перуанската Света Долина, Мачу Пикчу е најубавата локација во Јужна Америка. Тврдината на Инките била изградена во 15-тиот век и најверојатно била наменета како имот за императорот.

Мачу Пикчу има три главни точки – Интихуатана, ритуален камен поврзан со астрономскиот часовник на Инките, Храмот на сонцето, свето место за обожување и Собата со три прозорци, место кое нуди неверојатен поглед кон изгрејсонцето. Бидејќи поголемиот дел од Мачу Пикчу е реставриран, посетителите имаат можност колку-толку да погледнат во минатото.

8. Петра, Јордан

Петра, градот изграден во 4-тиот век п.н.е., е едно од најуникатните места на земјата. Издлабена во околните карпи, магичната структура на Петра совршено се вклопува со опкружувањето. Поради розовата нијанса на издлабената градба, Петра често е нарекувана и Градот роза, романтичен прекар кој потекнува од поемата на Џон Вилијам Бургон од 19-тиот век.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40 Слики кои докажуваат дека “Forever Alone” може да досигне сосема нов левел

7 видови губитници во секоја друштвена игра