Добрите манири се задолжителни секаде, па дури и во тоалетот.
За жал, многу луѓе подзабораваат на ова.
Бонтон правила за однесување во тоалет:
Тоалетот не е соба за читање – таа книга/магазин потоа ќе дојде во раце на некој друг и не е хигиенски, плус некој можеби чека за да влезе во тоалетот.

И покрај дебатите, вториот начин (десно) е вистинскиот начин за да ставите тоалетна ролна, така хартијата нема да биде во допир со ѕидот и на неа да се лепат непотребни бактерии.

Пуштајте вода во тоалетната школка со затворен капак за под притисокот од водата да не летаат бактерии наоколу.

Запомнете дека правилото е – кој го кренал капакот, поточно делот за седење, тој треба и да го спушти кога излегува од тоалетот и ова особено важи за мажите.

Ако сте на гости и има цврст и течен сапун, секогаш одберете го течниот, затоа што е похигиенски, цврстиот го допирале домаќините.

Кога сте на гости некултурно е да се бришете со пешкирите на домаќините, па затоа проверете дали има закачено пешкирче за раце до мијалникот.

Освен ако навистина не е итна ситуацијата, не го користете јавниот тоалет за спротивниот пол.

Во јавен тоалет правилото е да го почитувате личниот простор на другите луѓе, па така не треба да влезете во кабината до таа што е веќе зафатена (кога има опција за друга).

По бонтон е тој што го искористил крајот од тоалетната ролна да донесе нова во тоалетот за наредниот што ќе го користи да не се најде во непријатна ситуација.
