Оние кои се пораснати во 90-ите години умеат да кажат дека тогаш детството било поразлично од на сегашните деца, но во што точно е разликата?
Како се живееше во 90-ите? Како се однесуваа родителите кон деца тогаш, а како сега?
Со сигурност може да кажеме дека родителите порано беа порелаксирани и им овозможуваа на децата поголема независност, за разлика од сега кога родителите се обидуваат да завршат што е можно повеќе работа за нивните деца да не се мачат или да не направат нешто погрешно.
Секако, со чест на исклучоци кои се трудат да не ги размазат децата, но мора да признаеме дека и „времето е променето“, па нормално е и навиките и секојдневието да се менува.
Во продолжение може да направите споредба помеѓу децата од 90-ите и денешните деца, низ илустрации.
Со колку од нив се сосласувате?
Порано децата во училиште учеа домаќински вештини, а сега мајките се молат децата да не пробуваат сами нешто
Момчињата имаа разни работилници, а денес е страшно да фатат алат во рака
Порано децата сами се бореа за својот успех и си ги завршуваа задачите, а сега се случува родителите да им решаваат цели домашни и тестови
За празниците, децата во минатото испраќаа честитки и писма до роднините и пријателите, а денес не знаат како изгледа оваа празнична традиција
Порано родителите знаеја кога да им укажат на децата дека грешат, денес родителите меѓусебно се расправаат
Порано децата се радуваа и на играчките кои сами си ги правеа од хартија, а денес ништо не може да им ги замени телефоните
Порано децата имале часови на кои учеле што се случува со разни експерименти, а денес може да направат хаос во домот пробувајќи нелогични работи од Интернет
Животот беше поедноставен, а светот побезбедно место, па децата имаа поголема слобода за разлика од сега
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден