IMDb објави листа од десетте најочекувани филмови за 2020 година. Топ листата е во знакот на спин-оф продолженијата.
10. „Fast & Furious 9 – премиера на 22 мај 2020
Ново продолжение ќе покаже дали и како „расколот“ во актерската екипа ќе влијае на квалитетот на, всушност десеттиот филм од серијалот.
9. „The King’s Man“ – 18 септември
Приказната во третиот филм од серијалот „Kingsman“ е сместена еден век во минатото. И, овојпат, наместо Колин Фирт, во главната улога е Ралф Фајнс.
8. „Dune“ – 18 декември
Преработка на класичната научна фантастика од 1984 година, а заснована на романот на Френк Херберт од 1965 година.
7. „Wonder Woman 1984“ – 5 јуни
Режисерката Пети Џенкинс и Гал Гадот се враќаат со нова соработка, претпродолжение на хитот од лани.
6. „Mulan“ – 27 март
Филмска преработка на цртаниот филм од 90-тите, по хитовите „The Lion King“, „Aladdin“ и „Lady and the Tramp“ кои ги видовме во 2019 година.
5. „Black Widow“ – 1 мај
Спин-оф продолжение на хит-серијалот „Avengers“, чиешто последно продолжение заработи милијарда долари.
4. „No Time to Die” – 2 април
Џејмс Бонд се враќа во 25-тиот филм, со Даниел Крег во главната улога.
3. „Top Gun: Maverick“ – 26 јуни
Вториот дел од хит-филмот со Том Круз во главната улога од пред 34 години ќе го видиме на 26 јуни.
2. „Sonic the Hedgehog“ – 14 февруари
Уште една филмувана верзија на познат цртан лик, филмот е хибрид со анимирани ликови и реални актери.
1. „Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn“ – 7 февруари
Уште еден суперхеројски филм. Ликот на Харли Квин од „Suicide Squad“ е водечки во новиот филм, во кој главната улога ја толкува Марго Роби.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден