Немојте да штедите на продукти за нега на кожа или третмани како маникир или педикир, бидејќи во овој случај квалитетот и повисоката цена најчесто одат заедно.
Постојат многу работи за кои навистина не треба да даваме многу пари бидејќи и најевтините опции се исто ефикасни и квалитетни. Сепак, во некои случаи подобар квалитет значи и повисока цена.
Девет работи за кои вреди да дадете повеќе пари:
Продукти за нега на кожа
Не би требало да штедите кога станува збор за продукти за нега на кожа, особено за вашето лице. Ова не значи дека секогаш треба да ги купувате најскапите продукти, туку не ги одбирајте според цената. Ако, пак, имате проблематична кожа, најдобро консултирајте се со дерматолог.
Контактни леќи и очила за гледање
Точно е дека очилата за гледање и контактните леќи можат да бидат скапи, но тие ви се неопходни ако имате проблеми со видот. Истото важи и за заштитни очила без диоптер, особено ако минувате многу време пред компјутер.
Менструална чашка
Кај нас менструалните чашки уште не се многу популарни, но ако планирате да ги пробате, осигурете се дека ќе купите квалитетен модел.
Шминки
Шминката со сомнително потекло може да ви предизвика секакви проблеми со кожата – од иритација и црвенило, до акни. Затоа подобро е да имате помалку, но поквалитетни шминки.
Маникир и педикир
Немојте да штедите ни на маникир и педикир во салон бидејќи очекувано е искусните козметичари да наплаќаат повеќе. Покрај тоа, ако отидете кај искусен козметичар, маникирот и педикирот сигурно ќе изгледаат подобро и ќе траат подолго.
Маска и заштитна фолија за телефон
Денес смартофните можат да чинат мало богатство, а исто скапи се и поправките. За да ги избегнете трошоците од поправки, подобро дајте малку повеќе пари за квалитетна маска и заштитна фолија за екранот веднаш откако ќе го купите смартфонот.
ЛЕД сијалици
Најчесто квалитетните ЛЕД сијалици се поскапи од обичните, но не заборавајте дека тие штедат енергија, но и траат многу, многу подолго.
Правосмукалка
Квалитетните правосмукалки се помоќни, што значи со нив многу подобро ќе ги исчистите подовите и теписите. Доколку сте во можност, набавете си и робот правосмукалка која значително ќе ви го олесни чистењето на домот.
Детергенти за облека
Поквалитетните прашоци и омекнувачи (кои можат да бидат поскапи) подобро ќе ја исчистат облеката, без притоа да ѝ ја избледат бојата. Денес навистина има огромен избор на детергенти, и сигурно можете да најдете нешто квалитетно што не е прескапо.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден