во ,

9 Скриени детали кои ја креваат завесата зад популарните ТВ-шоуа

Гледањето телевизиски емисии со многу драма или напнатост е едно од нашите задоволства, за кои сме виновни. Нашата опсесија со реалните емисии може да се објасни со нашата волја да избегаме од сопствената реалност за некое време и да живееме пристојно низ животот на другите.

Исто така, нашата љубов кон драмата може да направи да се чувствуваме повеќе поврзани со учесниците. Иако, повеќето од нив имаат вистински елементи сепак некои од нив не се такви какви што ги замислувавме.

1. Водителите не ги возат сами автомобилите

Наместо тоа друго возило го влече автомобилот. Иако, некои обожаватели можеби се чувствуваат предадени, тоа е направено за безбедноста на патниците и на другите луѓе на патот.

2. Тие создаваат лажни караници за да создадат тензии

Некои можеби мислат дека освен што е брилијантен готвач, Гордон Рамзи има многу експлозивен и жесток карактер. Тоа е така, но само за емисијата. Целата оваа фрустрација, неговите крикови и викањето се направени за да се донесе елементот на тензија во шоуто и да се направи епизодата поинтересна за гледачите.

3. Има автотјун на слепите аудиции

Луѓе раскажувале дека на „слепите аудиции“ натпреварувачите имаат по околу 3 проби и на финалниот настап додаваат аутотјун ако има потреба од тоа.

4. Емисиите со игри не се сосема случајни

Најчесто луѓето првин се прашуваат дали би сакале да учествуваат во некои игри, па дури потоа „случајно“ наидуваат на нив.

5. Многу често реакцијата на публиката се подготвува од продуцентите

6. Храната подготвена во емисиите за готвење често не е за јадење, затоа што се обрнува внимание на естетиката

7. Кога се натпреварувате за пари, не ги земате парите одеднаш и веднаш

Најчесто доколку се работи за помала сума парите ги добиваат за неколку месеци откако ќе потпишат потребни договори, а доколку се работи за поголем износ можно е и да го добијат на рати.

8. Ги приморуваат натпреварувачите во талент шоуа да раскажуваат тажни приказни

Продуцентите ги советуваат дека доколку имаат да раскажат тажна животна приказна за да ги придобијат емоциите на публиката у гледачите.

9. Некои популарни магични трикови се лесни за објаснување

Дом Чемберс, харизматичен натпреварувач на американскиот Got Talent, успеа да ги воодушеви сите со тоа што донесе бесконечни пијалоци од мала хартиена кеса, па дури и ги истури од чевлите. Тој вушност зема чевел ист како неговиот од магионичарската кутија во кој има скриено шише со течност.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Симон Милевски го пронајде паричникот на Јосип Броз Тито во својот двор

11 ситуации во кои Кејт Мидлтон и Меган Маркл ги рекреираа модните комбинации на принцезата Дијана