Просечниот коефициент на интелигенција е 100, а оние кои имаат над 140 се сметаат за генијалци. Најверојатно Ајнштајн никогаш не направил тест за интелигенција, но се претпоставува дека неговиот коефициент бил 160.
Сепак, ниту тој не може да се натпреварува со генијалците во продолжение:
Тара Шарифи: 162
11-годишната Тара била изненадена кога ги добила резултатите од нејзиниот тест за интелигенција. Уште кога имала само 3 години, Тара научила да игра шах, а изјавила дека би сакала да работи нешто од областа на математиката.
Џејкоб Барнет: 170
На 2-годишна возраст Џејкоб бил дијагностициран со аутизам, а лекарите биле убедени дека нема да научи ни да си ги врзува патиките. Но, ова чудо од дете завршило 6 одделенија за помалку од една година, а се запишал на факултет на 10 години.
На 13 години веќе бил физичар со свои објавени трудови. Денес тој работи на својот докторот.
Џудит Полгар: 170
Шахистката од Унгарија се смета за најдобриот шаховски играч на сите времиња. Во 1991-ва година, на 15-годишна возраст, таа била најмладиот играч кој станал интернационален велемајстор.
Рик Роснер: 192 до 198
Рик има направено над 30 тестови за интелигенција и во зависност од нивната скала на оценување, неговиот коефициент е помеѓу 192 и 198. Денес тој е телевизиски сценарист, но претходно работел како стриптизер, па дури и гол модел.
Познат е по тужбата што ја покренал против телевизија ABC поради погрешно прашање на квизот „Кој сака да биде милионер“, но го изгубил случајот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден