ПМС периодот е најчудниот во животот на голем процент од жените. Тогаш работите стануваат дупло полуди, а храната трипати повкусна.
Одговорите се смешни и трагични истовремено:
– „Мојот сопруг не го намачка лепчето со путер до самите рабови (не е еуфемизам).“
– „Еднаш плачев затоа што кучето изеде пајак.“
– „Ставав сигурносни етикети на бебешката облека во продавницата во која работам… Сакав еден од фустаните да го има во моја големина – и плачев.“
– „Не можев да ги најдам садовите за сосови кога ја празнев машината за садови.“
– „Еднаш бев ужасно тажна кога покрај мојот автомобил помина амбулантно возило. Морав да се паркирам и да се исплачам.“
– „Ми падна малечко шишенце со парфем и се распрсна. Секако, го сфатив трагично и почнав да ги удирам вратичките од шкафчето и да мрморам навреди сама на себе. Сопругот ме праша што е работата, му објаснив и само ми кажа – глупости. Дури тогаш почнав да врескам и да плачам со објаснување: На никој не му е грижа дали мирисам убаво или не! Не сум баш најгорда на тој момент од мојот живот.“
– „Во книгата која ја читав, умре едно куче. Тогаш решив да стојам на прозор и драматично да плачам час-два.“
– „Еднаш тргнав да купам обични, евтини шноли затоа што ми требаа, но во истиот момент помислив на долговите на факултет. Тогаш и се јавив на мајка ми со тешки прашања: Дали можам да си ги дозволам овие шноли? Како ќе јадам оваа недела? Дали ќе завршам факултет ако ги купам?“
– „Еднаш си плачев 30 минути затоа што не можев да одберам каков компир сакам – пржен, печен, пире… Имаше толку многу опции!“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден