Германците секогаш се точни и никогаш не доцнат
Иако важат за „точен“ народ кој не сака доцнење, сепак тоа не значи дека сите се програмирани да бидат точни и секогаш на време. Не е ништо невообичаено некој да задоцни, да одложи средба, а се случува дури и јавниот превоз некогаш да задоцни, иако тоа секако не е толку чест случај.
Сите Британци имаат ист акцент
Многумина мислат дека сите Британци зборуваат со еден ист акцент, добро препознатлив за сите, но во суштина само 2% од популацијата зборува така, бидејќи и таму има многу различни акценти.
Во Франција сите јадат само жабји батаци
Иако ова е традиционален француски специјалитет, сепак не е толку популарен како што замислуваат странците.
Многу често ова јадење го има само во туристичките локали, а кога станува збор за Французите, тие преферираат пилешко месо или свински батаци.
Во Австралија сè што лета, лази и се движи сака да ве убие
Иако во Австралија се наоѓаат голем број смртоносни животни како отровни змии, опасни пајаци, медузи и крокодили, сепак луѓето претеруваат кога велат дека постојано сте во опасност од смрт. Сепак, луѓе живеат и таму…
Сите Швеѓани им се восхитуваат на ABBA
Всушност мислењето на овој народ за популарниот бенд е поделено – едни го ценат нивниот придонес во музиката и културата на земјата, но во Шведска има и луѓе што апсолутно не ги сакат и не се воодушевуваат и ги сметаат за примитивни.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден