Постојат повеќе од 3.814 различни култури во светот и секоја има свои традиции кои се следат и денес. Но, иако многу народи ги изгубиле своите древни карактеристики и ритуали, сепак денес постојат обичаи кои збунуваат многумина од нас.
1. Велигденски оган, Германија
Ноќта спроти Велигден во различни делови на Германија се палат огромни огнови. Ова е многу стар обичај – вака Германците ја дочекуваат пролетта.
На некои места, главно во Северна Рајна – Вестфалија, се пали големо дрвено тркало, а потоа се тркала по падината – се верува дека ова обезбедува добра жетва.
2. Јадење со отворена уста, Јапонија
Јадењето со отворена уста и чешањето се сметаат за непристојни во повеќето делови на светот, но во Јапонија, од друга страна е непристојно да се јаде тивко без да се испушта врева.
3. Пари во колачи, Боливија
Во Боливија луѓето ставаат монети во пити – на овој начин ја испраќаат старата година и ја пречекуваат новата. Тие веруваат дека кој ќе ја најде паричката ќе има среќа следната година.
4. Фрлање на заб, Грција
Во Грција нема “забна самовила”. Кога детето ќе изгуби заб, го фрла на покривот. Во исто време, децата си посакуваат нивните трајни заби да бидат здрави и убави.
5. Битка со домати, Шпанија
Томатина е фестивал за време на кој е вообичаено да се фрлаат домати на други луѓе. Празникот не е толку стар – датира од 1945 година. Оттогаш, тој се одржува секоја година во последната среда од август.
Оваа традиција настанала благодарение на неколку деца кои трчале на парадата и случајно турнале неколку луѓе. Тие паднале, се изнервирале и почнале да фрлаат со храна. Сепак фестивалот има некои задолжителни правила, а тоа е никој за време на празникот не смее да остане разочаран. На пример, треба да се однесувате еден кон друг со почит и пред да фрлите домат, да го згмечите.
6. Сладолед во зима, Монголија
Во повеќето земји во светот луѓето уживаат во сладолед во топлите летни денови, додека во Монголија, напротив, тие претпочитаат да го консумираат на ниски температури. Уличните продавачи кои продаваат сладолед во картонски кутии – не им треба фрижидер, бидејќи температурата паѓа до -30 °C.
7. Избор на сопствената судбина, Јужна Кореја
Корејците му придаваат посебно значење на првиот роденден на детето бидејќи токму на овој ден детето одлучува за својата судбина. Ритуалот се нарекува Doljanchi.
Пред детето се ставаат разни предмети како книги, пари, четки. Она што детето ќе го избере ја одредува неговата иднина. Значи, ако детето избере пари, ќе биде богато, ако ја избере книгата, ќе биде паметно.
8. Скок од стол, Данска
Речиси секоја земја во светот има свои посебни новогодишни традиции. Данска не е исклучок. Нешто пред полноќ луѓето се качуваат на столици и се подготвуваат да скокнат од нив во првата секунда од новата година. Се верува дека оние кои ќе заборават да го направат тоа ќе имаат лоша година.
9. Фризура само еднаш во животот, Кина
Хуанглуо е кинеско село познато по тоа што ги има најдолгокосите жени во светот. Жителите обично ја ставаат косата под шамија. За време на фестивалот, пак, тие ја пуштаат косата, ја мијат и чешлаат. Најдолгата коса е приближно 1,7 метри.
Жените во ова село се потстрижуваат еднаш во животот – на 18 години за време на церемонијата. Ова значи дека девојката е подготвена да се омажи. Жените од Јао веруваат дека долгата коса придонесува за долг живот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден