во ,

Знаеш ли што ми правеше во вакви моменти додека беше млад?

Бабата и дедото гледаат се*си филм на телевизија. Бабата малку загреана му вели на дедото:

– Знаеш ли што ми правеше во вакви моменти додека беше млад?

А дедото:

– Што?

– Ме бакнуваше.

Дедото потстанува и ја бакнува бабата.

По некое време, бабата повторно:

– А знаеш ли што ми правеше после тоа?

А дедото:

– Што?

– Ми го галеше коленото.

Дедото се поместува и ѝ го гали коленото.

На најжешкиот момент бабата вели:

– А што ми правеше потоа?

А дедото:

– Што?

– Ми го грицкаше увото.

Дедото станува и тргнува кон вратата, а бабата извикува:

– Каде тргна бе?!

А дедото:

– Во купатилото, да си ги земам забите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со жена ми сум во брак веќе десет години…

21 Фотографии што ќе ви го покачат нивото на адреналин до “даска”