во ,

16 видови модерни вештерки кои прават магии околу вас

Кога размислувате за вештерки сигурно се присетувате на многу приказни и филмови. Но спротивно на суеверијата и поп културата, постојат многу видови вештерки. Светот на паганството, неопаганството, Вика и многу други е широк, а вештерките од секоја група се различни и уникатни. Во продолжение прочитајте за 16 разни видови вештерки и неколку интересни факти за нив.

1. Традиционални вештерки

Традиционалните вештерки се оние кои ја основале историјата на вештерството пред појавата на Вика. Тие имаат традиционален пристап кон нивната техника и често го проучуваат фолклорот и учењата на нивните предци. Традиционалните вештерки ги сакаат „старите“ ритуали и често се фокусираат на работење со локална историја. Иако овие вештерки ги почитуваат старите традиции, постојат многу модерни традиционални вештерки и денес.

2. Гарднерови вештерки

Ова движење се појавило во 1950-тите и е основано од страна на Џерал Гарднер кој се сметал за „татко на Вика движењето“. Овие вештерки имаат силна поврзаност со природата, ги предизвикуваат социјалните норми и имаат многу ритуали. За да станете гарднерова вештерка мора да бидете иницирани од некој друг. Исто така постои и неверојатен систем за напредок, па со текот на времето можете да научите многу.

3. Александриски вештерки

Основано во 1960-тите од страна на Алекс и Максин Сандерс, ова движење е британски огранок на Вика. Има многу сличности со гарднеровото движење, но има и елементи од церемонијалната магија, како и од кабалата. Тие го следат верувањето: „Ако работи, искористи го“. И овие вештерки мораат да бидат иницирани, а во нивните редови постојат степени и нивоа на напредок. Вештерките се среќаваат на млада и полна месечина и за време на Сабат.

4. Корелијански вештерки

Ова движење е основано во доцниот 20-ти век од страна на Керолајн Хај Корел. Таа тврдела дека потекнува од семејство вештерки, била видовита и знаела да ракува со тревки. Била под големо влијание од нејзиното семејство и била глава на црквата до нејзината смрт во 1940-тите. Корелијанските вештерки не биле признати како Вика сè до 1990-тите. Денес ова е најраспространетото друштво на вештерки.

5. Морски вештерки

Морските вештерки имаат силна поврзанот со водата и океаните и често го користат овој елемент во нивните ритуали. Нивната магија вклучува песок, школки и други елементи што доаѓаат од водата. Морските вештерки се поврзани и со древните легенди, како оние за сирените.

6. Кујнски вештерки

Овие вештерки најчесто ја практикуваат магијата од нивниот дом или во кујната. Често се грижливи и сакаат да го направат нивниот дом посебно и свето место. Тие сакаат да готват и да користат тревки, често собрани од нивната градина. Употребуваат есенцијални масла, тревки, храна и секојдневни предмети за нивните магии и ритуали.

7. Вештерки „жива ограда“

Овие вештерки практикуваат нешто познато како „скок преку живата ограда“, односно излегување од овој свет и одење во друг, духовен свет. Тие можат да комуницираат со духовниот свет и да праќаат пораки. Тие практикуваат астрална проекција, магии со тревки и земјена магија. Она што ги прави уникатни е способноста да ја преминат „живата ограда“ помеѓу овој и духовниот свет.

8. Култот на Дијана

Овие вештерки се феминистки и во нивниот култ не е дозволено да има мажи. Тие ја почитуваат божицата од сите три аспекти – девица, мајка и старица. Ритуалите можат да бидат различни, но сите имаат некој феминистички аспект.

9. Елементарни вештерки

Ритуалите на овие вештерки се засновани на четирите елементи – земја, воздух, вода и оган. Тие го почитуваат секој елемент и често имаат посебен олтар за секој од нив.

10. Церемонијални вештерки

Овие вештерки имаат многу ритуали, но најмногу ги сакат церемониите. Често прават церемонија или ритуал кога сакаат да постигнат нешто. Исто така повикуваат посебни духовни битија што им помагаат во церемонијата.

11. Зелени вештерки

Често нарекувани и шумски вештерки, овие вештерки се поврзани со земјата и со нејзината енергија. Често имаат нивни градини, но ги проучуваат и растенијата во нивното опкружување. Тие користат растенија и зеленило за нивните ритуали. Зелените вештерки сакаат да бидат во природа и да бидат што е можно поблизу до Мајката природа.

12. Наследни вештерки

Ова се вештерки родени во вакво опкружување. Вештерството е дел од нивното семејство и наследство. Ритуалите се пренесуваат од генерација на генерација, но често прават и свои ритуали. За да бидете наследна вештерка мора да се родите во такво семејство.

13. Космички вештерки

Овие вештерки бараат помош од космосот, астрологијата и астрономија кога прават ритуали. Често ги следат планетите и порамнувањето на ѕвездите и ги прават ритуалите на разни места.

14. Секуларни вештерки

Овие вештерки прават магии, употребуваат кристали, тревки, масла и свеќи, но не го поврзуваат духовното во нивната пракса. Тие не почитуваат битие или бог и не се поврзани со никаква религија. Не веруваат во моќта на енергијата.

15. Осамени вештерки

Овде спаѓаат сите видови вештерки кои повеќе сакаат да работат сами наместо во култ. Ова може да биде нивен избор, или едноставно да се сами бидејќи немаат најдено соодветна група. Постојат многу легенди според кои осамените вештерки се реинкарнации на вештерки, а нивното знаење се буди во текот на пубертетот.

16. Еклектични вештерки

Овие вештерки немаат една религија, ритуал, традиција или култура. Нивната магија потекнува од многу извори и на крај станува нивна и уникатна. Може да почитуваат некое битие или праксата да им биде секуларна. Најчесто сами си ги создаваат правилата според нивните потреби.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

55 Неверојатни фотографии кои вредат повеќе од 1000 зборови

25 фотографии од двојници кои докажуваат дека „матриксот“ навистина постои