во ,

Го прашуваат Итар Пејо, ќе има ли војна?

Го прашуваат Пејо:

– Ќе има ли војна?

– Не ме интересира, имам два излеза.

– Како тоа?

– Па или ќе има војна или нема да има војна.

– Ако нема војна супер, ако има воја пак имам два излеза.

– Како имаш два излеза?

– Или ќе ме ранат или нема да ме ранат. Ако не ме ранат, супер. Ако ме ранат пак имам два излеза.

– Како имаш два излеза?

– Или лесно ќе ме ранат или тешко. Ако ме ранат лесно супер. Ако тешко ме ранат пак имам два излеза?

– Како пак имаш два излеза?

– Или ќе умрам или нема да умрам. Ако не умрам супер. Ако умрам пак имам два излеза.

– Кои два излеза имаш?

– Или ќе одам во рајот или во пеколот. Ако одам во рајот супер. Ако одам во пеколот пак имам два излеза.

– Кои пак и овде два излеза имаш?

– Или ќе го сретнам ѓаволот или нема да го сретнам. Ако не го сретнам супер, ако го сретнам пак имам два излеза.

– Кои два излеза?

– Па ѓаволот или ќе ме изеде или нема да ме изеде. Ако не ме изеде супер, ако ме изеде овде имам еден излез.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Смешни и забавни илустрации за секојдневните проблеми на родителите

А, 500 евра дали ќе ми стигнат?