во , ,

14 типови на луѓе што може да ги сретнете на плажа

Од мајката, која вреска по децата, до мразачот на сонце, кој гори и под сенка, некои типови на луѓе едноставно се неодминливи на плажа.

Летото е магичен дел од годината, а летните одмори веќе се тука. Прсти во песокот, мирис на море и сончеви зраци кои ве милуваат по кожата, звучи совршено, зарем не?

Но, кои ликови ќе ги сретнете за време на вашиот престој на плажа:

Мразачот на сонце

Мото: „Да не си го заборавив лосионот на сончање?“

Карактеристики: Има чадор, шапка, покриен е со пешкир, но магично успева да изгори дури и на облачно време.

Позерот

Мото: „Да ставам уште малку лосион да ми светне телово!“

Карактеристики: Минималистички костим за капење, месеци и месеци подготовка на телото за на плажа и совршена фотка за да ја нервира поранешната девојка.

Љубителот на изгореници

Мото: „Мора да имам што помалку бели области на телото.“

Карактеристики: Костим за капење кој го прави танга, сончање со стоење, иако целиот е црвен, и замислен израз со поглед во далечина.

Спонзорушата

Мото: „Што ако го сретнам вистинскиот тука?“

Карактеристики: Носи секси бикини, сандали на висока потпетица, накит и лежи само во пози во кои изгледа добро.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 сигурни знаци дека сте имале претходен живот

Инстаграм профилот на бодигардот на Ед Ширан е неверојатно смешен