во ,

12 Ретро совети како да го одберете вистинскиот сопруг

Секоја девојка дури и кога нема сериозна врска помислува на тоа како би изгледал нејзиниот иден сопруг и создава во главата слика за идеалниот маж.

Дали неговиот изглед е пресуден, или пак карактерот? Колку се важни неговите навики? Што треба тој да прави и каков да биде вашиот однос? И уште многу други работи со кои жените се опседнати.

Во 1930-та година, професор од Женева, одлучил да им помогне на жените кои ги мачи ова прашање и напишал книга во која зборува за мажите со кои жените не треба да се омажат.

Трикови и насоки за тоа со какви мажи не треба да бидете:

1. Не се мажете со маж кој е уверен дека сѐ што тој прави е совршено.

2. Не се врзувајте со нарцисоиден маж кој поминува часови восхитувајќи се на својот изглед во огледалото.

3. Не бирајте маж кој е опседнат со играње игри, бидејќи тие му се поважни од вас.

4. Не се мажете со маж кој си ги грицка ноктите и не се грижи за својата хигиена.

5. Не се мажете со глупав маж. Тој не може да ви даде ништо ниту вам, ниту на вашите деца.

6. Не се мажете со маж кој ве лаже, дури и ако се само ситници. Таквите луѓе никогаш не се менуваат.

7. Не е важно како изгледа вашиот маж. Може да биде низок или висок, да се облекува добро или не. Важно е да ве почитува и да биде подготвен за семеен живот.

8. Не си ја запечатувајте судбината со маж кој не може да седи на едно место.

9. Избегнувајте ги мажите кои се постари од вас повеќе од 12 години.

10. Не се мажете со женкари – старите навики никогаш не се менуваат вечно.

11. Избегнувајте мажи кои се во друштво кое не може да го помине денот без алкохол. Нема да ви донесе ништо добро.

12. Добро е да се смеете, но не се врзувајте за маж со силна и вештачка, лажна насмевка. Искрените, интелигентни и образовани луѓе се смеат културно и нивното смеење се слуша како „ха-ха-ха“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Фотографии од симпатично кученце со уши како на Мики Маус

Мухамед Али избегнува 21 удари за 10 секунди