Никој од нас не ги сака грипот и настинките, но очигледно е дека мажите се посебна категорија. Ова е една од омилените теми на социјалните медиуми во овој временски период од годината, со многу добра причина.
Мажите едноставно се однесуваат како да се пред умирачка и како никој пред нив воопшто да не бил настинат и не ја почувствувал „грипозната“ голгота на сопствената кожа.
Ви пренесуваме само дел од објавите на жените кои искрено споделуваат како изгледаат нивните мажи кога имаат грип:
„Мојот маж има грип… со други зборови тој умира. Ова е многу тежок период за сите нас. Молете се“.
„Јас сум бремена во деветтиот месец. Маж ми е настинат. Погодете кој се жали повеќе?“
„Маж ми има грип. Знам, бидејќи не прави ништо освен што се жали последните 2 часа без престан. Ако грипот не го убие, би можела јас“.
- Кога мажот е болен:
- – Направи ми супа (*кивнува).
- – Спие по цел ден.
- Кога јас сум болна:
- – Што има за вечера?
- – А да го зачистевме подрумот?
Мојот маж не е денеска на работа, бидејќи е настинат. Се чувствувам како да имам 1.000 бебиња.
Маж ми има грип, па наредните 5-7 дена ќе ми изгледаат како епизода од „Grey’s Anatomy“.
И јас и маж ми имаме грип. Единствената разлика е тоа што јас ја чистам кујната, а тој умира.
Мојот сопруг не е ниту болен повеќе, а ние сè уште разговараме колку многу бил болен пред неколку недели.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден