во ,

Фотографијата од 1998 година која предвидува како ќе изгледа Дејвид Бекам во 2020 не можеше да биде полоша

Изгледа дека Дејвид Бекам одлично помина и даде сè од себе за да не го изгуби богатството, но и косата откако се појавила фотографијата која во 1998 година предвиде како би можел тој да изгледа во 2020 година.

Фотошопираната фотографија покажува како би изгледала ѕвездата на Манчестер Јунајтед во 2020 година, со по некој заб и ретка коса.

Во описот на фотографијата пишувало:

“Работите тргнаа по лошо за старлетата на Манчестер Јунајтед откако неговиот клуб испадна од првенството во 1998 година и тој остана без целиот имот во 2005 година. Сега е во своите 40 години и игра за ветераните”.

Сигурни сме дека во време на објавувањето на фотографијата жените беа исплашени од оваа визија на еден од најубавите мажи на светот, додека на мажите им се допаднала.

Сепак, ова предвидување е далеку од вистината. Бекам е далеку од тоа дека е без пари и изгледа сосема одлично.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Селфи со горили го освои интернетот

10 едноставни шеги што ќе ви го разубават денот