Сигурно повеќето луѓе, дури и оние „најразумните“ понекогаш посакуваат патувањето низ времето да биде реалност. Можноста да го видите минатото или иднината одблизу звучи примамливо за секого. Следниве 10 приказни можеби ќе ви дадат надеж дека ова сепак е возможно. Иако се најверојатно лажни, сепак се навистина интересни.
1. Фотографија од Лос Анџелес од 5000-та година
Една од најневеројатните приказни за патување низ времето беше раскажана во февруари 2018-та година од страна на Едвард. Тој тврди дека има фотографија од Лос Анџелес кој е потопен, а фотографијата е од 5000-та година. Исто така изјавил дека бил вклучен во таен владин експеримент од 2004-та година поради што отпатувал во иднината. Едвард бил инженер пред да му пријдат од тајната организација. Тој тврдел дека најдобрите умови се регрутирани уште веднаш од организацијата, а дека познатите научници се само за одвлекување на вниманието.
Според Едвард, поради топењето на половите, човештвото живее на градови направени врз дрвени платформи кои пловат на водата.
2. Патување во 4000-та година поради грижи за вештачката интелигенција
Слична приказна раскажал и Џон. Наводно, последните 6 години тој живеел во минатото (нашата сегашност) поради грижа за последиците од вештачката интелигенција. И тој покажал фотографија од иднината на која има автоматизирана фабрика за автомобили.
Џон изјавил дека вештачката интелигенција врши поголем дел од работата во иднината. Друга чудна изјава од Џон е тоа дека во 4000-та година не постојат птици. Сите биле уништени со цел да се спречи оштетувањето на летачките автомобили. Покрај тоа, сите домашни миленици биле речиси истребени.
3. Клара од 3780-та: Патувањето низ времето се користи и денес
Во јануари 2018-та година, Клара кажала дека работи во таен оддел од војската на САД и била дел од таен експеримент во 2000-та година. Таа била испратена во 3780-та година и нејзината мисија била да донесе технологија за некоја непозната причина. Обидувајќи се да го објасни концептот на патување на времето, Клара изјавила:
„Замислете си дека времето се мери како висината, должината или длабочината. Да речеме дека пливате во морето на длабочина од 2 метри. Лесно можете да одите и подлабоко. Исто е и со времето ако ја имате потребната опрема и знаење.“
Клара исто така тврди дека денес редовно патува низ времето и дека технологијата се користи за воени истражувања.
4. Грчки временски патници
Изгледа дека тајните експерименти не се случуваат само во САД. Во декември 2017-та година, еден човек тврдел дека патувал во 3207-ма година како дел од проект на грчката војска. Работел за грчките служби 6 години пред да добие понуда за учество во тајниот проект во 2013-та година. Наводно, тој поминал 2 дена во 3207-ма година и не дал подетални информации.
Интересно е што од Грција се појавила уште една слична приказна само еден месец подоцна. Овој пат станува збор за неименуван студент кој во 2008-ма година добил понуда од неговиот професор да учествува во експеримент за патување низ времето. Тој прифатил и бил испратен во 10000-тата година. И тој се вратил со фотографија (прикажана погоре).
5. Вилијам Тејлор
Во јануари 2018-та година, Вилијам изјавил дека бил дел од таен проект на Британска разузнавачка служба речиси 3 децении. Бил испратен во 8973-та година и кажал дека човештвото било истребено, односно заменето со суштества кои се половина луѓе половина роботи и кои биле бесмртни. Иако успеал да донесе неколку фотографии, тие биле конфискувани од разузнавачките служби.
Вилијам исто така тврдел дека патувањето низ времето им е достапно на властите уште од 1981-ва година. Покрај патувањето низ времето, наводно постои и можноста за патување помеѓу разни димензии. Оваа информација ќе им станела јавно достапна на луѓето во 2028-ма година, па ни останува само да чекаме.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден