Како и повеќето луѓе, веројатно и вие ја знаете Емилија Кларк благодарение на нејзината улога во серијата „Игра на тронови“. Но дали знаевте дека таа не била првиот избор за ликот на Денерис? Во продолжение дознајте нешто повеќе за животот и кариерата на Емилија, како и за нејзините останати скриени таленти.
1. Сакала да биде актерка уште откако знаела за себе
Емилија Кларк го има шоу-бизнисот во нејзината крв. Кога имала само 3 години, присуствувала на претстава на која работел нејзиниот татко, кој е аудио инженер. Токму тогаш одлучила дека сака да стане актерка, а оваа желба никогаш не ја напуштила.
2. Ја немала поддршката од татко ѝ
Кога Емилија изразила желба за глумење, татко и ѝ рекол: „Единствената реченица којашто ќе ти треба ако се занимаваш со глума е: ‘Дали сакате помфрит со оброкот?’“
„Тој само сакаше да ми стави до знаење дека парите не растат на дрво и дека за нив треба да се помачам.“
3. Ја имала главната улога на претставата на Бродвеј „Појадок кај Тифани“
Во 2013-та година, Емилија се појавила во бродвејската претстава „Појадок кај Тифани“. И покрај нејзините актерски способности, претставата добила лоши критики и картите слабо се продавале. По еден месец, претставата била тргната од репертоарот.
4. Таа не била првиот избор за улогата на Денерис
Имено, улогата требало да ѝ припаѓа на Тамзин Мерчан. Првата епизода била снимена, но по некое време ја ангажирале Емилија да биде Мајката на змејови. Оваа улога ѝ донесе 3 Еми награди.
5. Голотијата во „Игра на тронови“ ѝ претставувала проблеми
Иако улогата во серијата ѝ донесе голема слава, Емилија изјавила дека не ѝ било лесно. Особено тешко ѝ било да ги снима сцените со голотија и силување.
„За време на снимањето ми се случуваше да сакам шолја чај, малку самотија и добро да се исплачам за да продолжам со снимање.“
6. Таа е одличен музичар
Емилија е и талентиран музичар. Нејзиниот глас е одличен за балади, блуз, кабаре и џез. Исто така таа знае да свири клавир, флејта и гитара.
7. Обожавателите не ја препознаваат на улица
Емилија воопшто не изгледа како нејзиниот лик во „Игра на тронови“. Во серијата носи долга руса перика, а во приватниот живот има кратка, темно кафена коса.
8. Пред „Игра на тронови“ работела неколку работи
За да заработи за живот, пред да ја добие улогата, Емилија работела како шанкерка, сервирала храна, била агент за недвижности и работела во центар за корисничка поддршка.
9. Размислува и за друга кариера
Во случај да не ѝ оди глумењето, Емилија сака да стане пејачка, графички дизајнер или архитект.
10. Децата ја исмејувале за нејзините веѓи
Кога била во средно училиште, нејзините врсници ја исмејувале поради густите веѓи.
„Мајка ми имаше 3 правила додека растев – немој да се дрогираш, немој да имаш секс и не допирај ги веѓите! Ја послушав и многу сум ѝ благодарна.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден