Еден од најголемите уметници на сите времиња, Микеланџело Буонароти, уживал во вистински успех и додека бил жив, и по неговата смрт. Заедно со Леонардо да Винчи, Рафаело и Тицијан, тој се смета за пример за италијанската ренесанса.
Од иконската скулптура Давид, па сè до извонредните фрески во Систинската капела, Микеланџело со векови ја создавал историјата. Неговиот прекар Il Divino (Божествениот), покажува колку всушност бил сакан и ценет, а неговиот успех бил значаен во период кога уметниците не уживале во славата и богатството додека биле живи. Всушност, Микеланџело е првиот западен уметник чија биографија е објавена додека тој е жив.
Во поголемиот дел од 16-тиот век, Микеланџело ја дефинирал италијанската култура и уметност и фрлил сенка која ќе влијае врз уметниците со генерации. Во продолжение погледнете неколку факти за Микеланџело кои веројатно не сте ги знаеле.
1. Прв пат привлекол внимание со уметнички фалсификат
Како млад вајар, Микеланџело им го привлекол вниманието на неколку важни патрони така што го претставил негово дело како антиквитет од древна Грција. Кога имал само 19 години, тој ја направил сега изгубената скулптура „Заспаниот Купидон“, а потоа работел со член од моќното семејство Медичи за да ја направи скулптурата како антиквитет. Младиот уметник дури и ја закопал мермерната скулптура за да изгледа старо и истрошено.
Иако ова му помогнало да ја продаде скулптурата поскапо, истовремено му го привлекло вниманието на важен колекционер. За време на италијанската ренесанса, копирањето класични уметнички дела не било нешто лошо, туку покажување талент. Па кога кардинал Рафаело Риарио ја купил скулптурата и ја открил измамата, не бил разочаран. Наместо тоа, тој го поканил Микеланџело во Рим да работи за него. Токму оваа покана ја лансирала кариерата на уметникот.
2. Микеланџело бил и поет
Микеланџело не бил само вајар, сликар и архитект, тој бил и признат поет кој напишал стотици сонети и мадригали. Напишани во форма на писмо, неговите поеми често биле адресирани до пријатели и содржеле теми за љубовта, и кон мажите и кон жените. Всушност, поради хомоеротската природа на дел од поезијата, половите биле заменети кога во 17-тиот век неговите дела биле постхумно објавени. Подоцнежните преводи на англиски ги имале оригиналните заменки, а поемите биле навистина популарни во Викторијанската ера.
3. Неговата најпозната скулптура е направена со парче отфрлен мермер
Скулптурата „Давид“, ремек-дело со висина од 5 метри, стана симбол на италијанската ренесанса. Направен за да го краси врвот на главната црква во Фиренца, огромните пропорции на фигурата го привлекуваат сечие внимание од далечина. Но работењето со мермер не била лесна работа бидејќи материјалот бил скап, а истовремено се кршел лесно доколку уметникот не бил искусен. Мермерот искористен за „Давид“ си има своја интересна приказна.
Парчето било крстено „Џинот“ поради неговата големина и оригинално го купил друг уметник кој требало да направи скулптура за црквата. Поради непознати причини, уметникот едвај почнал и никогаш не ја завршил скулптурата, па мермерот останал во дворот на црквата. Цели 40 години, парчето мермер стоело во дворот, кога од црквата одлучиле дека било штета да стои така. Иако многу уметници, вклучувајќи го и да Винчи, го разгледувале мермерот, токму Микеланџело ја имал честа да го добие. Тогаш имал 26 години.
4. Не сакал да ги потпишува неговите дела
Интересно е што Микеланџело има потпишано само едно негово дело. Откако дошол во Рим, бил замолен да ја направи „Пиета“. Ова е сцена што ја прикажува Дева Марија како го оплакува Исус, а скулптурата била завршена во 1499-та година и сега се наоѓа во базиликата Свети Петар. За да ја покаже неговата гордост за делото, на градите на Марија, Микеланџело додал и појас кој најверојатно е потпис. На појасот пишува MICHAELANGELUS BONAROTUS FLORENTINUS FACIEBAT (Микеланџело Буонароти од Фиренца го направи ова).
Наводно, уметникот го додал својот потпис после наплив на љубомора, откако слушнал дека некој му го припишува делото на друг уметник. Подоцна зажалил за ова и се заколнал дека нема да потпише ниту едно друго негово дело.
5. Не секогаш бил лесен за справување
Неверојатната креативност и перфекционизам го направиле Микеланџело познат уште додека бил жив, но овие карактеристики истовремено и ги полудувале луѓето. За разлика од другите уметници, како Рафаело, Микеланџело бил проблематична личност. Причината најверојатно е што немал големо студио асистенти, што било нормално тој период, и сакал сам да прави сè.
Поради ова не му било страв да истапи пред важните луѓе кога чувствувал дека ѝ се закануваат на неговата креативност. Овде спаѓа и папата Јулиј II кој го присилил уметникот да го нацрта таванот на Систинската капела, наместо да му дозволи да се фокусира на скулптурите за гробницата на папата, нешто што Микеланџело сакал да го прави.
Исто така луѓето знаеле дека не е паметна одлука да му се спротивстават на уметникот. Кога еден свештеник го критикувал неговото дело за време на разгледување на познатата фреска „Страшниот суд“, подоцна открил непријатно изненадување. Микеланџело го искористил лицето на свештеникот на телото на суштество од пеколот.
6. Бил зависник од работа, но се исплатило
Микеланџело живеел долг живот и починал на 88-годишна возраст. Како што стареел, никогаш не забавил и ги поминал последните децении од животот како архитект за базиликата Свети Петар. Додека бил на таа позиција, продолжил и со правење скулптури.
Како познат уметник со долга кариера, не е изненадувачки што Микеланџело умрел како богат човек. Тој работел со 9 различни католички папи. По смртта тој оставил богатство колку денешни 30-45 милиони евра. Интересно е што и покрај ова богатство, Микеланџело не се однесувал така. Изјавил дека мразел да се бања и се гордеел на неговиот скромен живот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден