Овие скали се лоцирани во разни краеви од светот. Некои се направени од камен или дрво, некои имаат држачи, но едно нешто им е заедничко на сите – височината и опасноста што се дел од нив ќе го исплашат секого. Ќе ви биде потребна вистинска храброст за да се качите по овие скали.
1. Скалите до тврдината Калавантин Дург, Индија
Самата тврдина е мала пештера, но скалите што водат до неа се сметаат за едни од најопасните во светот. Овие нерамни скали се издлабени во карпа во близина на Мумбај. Потребни се околу 3 часа за да ги искачите. Симнувањето може да трае подолго бидејќи скалите постојано се влажни од маглата. На нив нема држачи, па поради ова авантуристите мораат да користат алатки за да се држат за карпата.
2. „Закопчана“ карпа
Карпата Ел Пењон де Гуатапе во Колумбија заедно со скалите што водат до врвот, била споредувана со многу нешта. На многумина им изгледало како карпата да е зашиена со конец, други гледаат патент, а постојат и луѓе кои сметаат дека ова е совршеното засолниште во случај на апокалипса со зомбиња.
3. Посетете ја Кина и допрете го небото
Во Кина има планина наречена Тианмен што значи „Порта до рајот“, а името е оправдано – куполата што се формирала по земјотрес во 263-тата година навистина изгледа така. Се верува дека оние коишто ќе ги искачат сите 999 скалила до „Портата до рајот“ ќе можат да го допрат небото и да добијат вечна среќа. Се разбира, не е едноставно да стигнете до овде. Скалите се наоѓаат на врвот на планината и потребно е да се искачите со железница, а потоа да поминете 11 километри со автомобил на автопат наречен „99 свртувања“.
4. Забранетите скали на хавајските ридови
Хаику скалите во Хаваи се најпопуларната дестинација за туристите кои сакаат нешто екстремно. Иако качувањето е забрането, ова не ги спречува авантуристите. Многу луѓе го посетуваат островот само за легендарните скали кои биле изградени од војската во 1942-ра година за поставување кабел за комуникација. Од 1987-ма година скалите станале пат за туристи на кои не им е проблем да искачат 3.922 скалила. Невозможно е да ги искачите ако не сте во добра физичка форма.
5. Следење на стапките на пророкот Мојсеј
Легендарната планина на Мојсеј е лоцирана на Синајскиот Полуостров во Египет. Според легендата, Мојсеј овде ги добил 10-те Божји заповеди. Денес местото е собиралиште за многу аџии од целиот свет. За да стигнете до врвот на планината, потребно е да ги искачите „скалите на покајанието“. Повеќето аџии се искачуваат навечер, најмногу бидејќи тогаш не е жешко и поради неверојатното изгрејсонце што се гледа од врвот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден