Славата е чуден феномен. Некои луѓе се обидуваат цел живот да останат запаметени но никогаш не успеваат. Другите пак, случајно стануваат центарот на вниманието, без оглед дали се работи за лична трагедија, добивка на лотарија или слично…
Постојат многу големи уметници, режисери, писатели и музичари кои никогаш не добиле признание за нивните дела додека биле живи.
Некои од нив ги чувале своите дела во тајност до смртта, сè додека некој член на семејството не ги објави, а ова се неколку славни личности кои станаа популарни по смртта.
Винсент ван Гог
Името кое резонира во нашите умови, кога станува збор за ликовната уметност, е секако името на Винсент Ван Гог. Сликарот кој се бореше со епилепсија и депресија, остави зад себе безвременски дела.
Честопати нарекуван „неразбраниот гениј“, овој неценет сликар почина во 1890 година, при што има продадено само 1 слика. Денес неговата уметност е незаменлива, а се проценува во милиони.
Емили Дикинсон
„Секогаш кога нешто ќе се направи за прв пат, ќе се ослободи мал демон“. Овие зборови од авторката пред своето време совршено го опишуваат нејзиниот живот.
Пред нејзината смрт, во 1886 година, само седум од нејзините песни беа објавени со тешка цензура и преправки, за да се совпаѓаат со тогашните општествени норми. По нејзината смрт се пронајдени и објавени околу 1800 поеми кои добиле огромно признание.
Галилео Галилеј
Таткото на модерната физика, човекот кој нè приближи до небесните тела со неговиот телескоп и визионерските теории за сончевиот систем. Галилеј бил многу критикуван и исмејуван за време на својот живот, бидејќи неговата визија се спротивставуваше на доминантните религиозни верувања.
Револуционерниот научник, математичар и астроном, кој почина во 1642 година, сè уште е идол за многумина. Неговите научни истражувања конечно биле прифатени кон почетокот на 19 век.
Вивијан Мајер
Една од најпродуктивните фотографки во историјата, чии дела беа непознатии за време на нејзиниот живот. Всушност, дури и нејзините блиски личности не биле свесни за нејзиниот талент и способност за фотографирање.
Мајер стана популарна откако нејзините негативи беа развиени по нејзината смрт.
Брус Ли
Денес не постои личност која не слушнала за Брус Ли. Тешко е да се поверува дека за време на неговиот живот постоел ограничен број на луѓето кои ги гледале неговите филмови. Денес е сакан на меѓународно ниво и идолизиран од многумина луѓе низ целиот свет.
Франц Кафка
Кафка бил безимен писател до неговата смрт, во 1924 година, по што дури и неговите незавршени дела биле објавени.
Бидејќи бил отфрлен многупати, како последно барање, меланхоличниот писател го замолил неговиот пријател да ги запали неговите дела. За среќа, знаеме дека ова не се случи, а Кафка е денес дел од секоја домашна библиотека и задолжителна лектира.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден