во , , ,

30 Хит вицеви за снаи и свекрви што слатко ќе ве насмеат

Што би направиле кога тигар би ја нападнал вашата свекрва? Јас? Ништо! Сам ја нападнал, сам нека се брани.

Односот на снаите и свекрвите отсекогаш бил инспиративен за шеги…

Полн автобус со свекрви тргнал на излет. Во еден миг излетал од патот и сите починале на лице место.

Следниот ден на погребот сите снаи ќутејќи стоеле, а само една кукала и плачела.

Една од толпата ѝ пришла и ја прашала: „Зошто плачеш? Па, и мојата загина!“

А таа ѝ одговорила: „Мојатаaaa задоцнииии на автобусоооот!!!“

Синот ја прашал мајка си: „Мајко, која од овие три мислиш дека е мојата идна сопруга?“

Мајката му одговорила: „Таа во средина!“

Синот ја прашал како знае, а таа му одговорила: „Па, таа не ми се допаѓа“.

Која е разликата помеѓу свекрва и лешинар?

Лешинарот прво чека да умреш, па потоа ти го јаде џигерот.

Синот донел снаа во домот.

Првото утро снаата и свекрвата пиеле кафе. Свекрвата ѝ кажала: „Наутро кога сум добро расположена каранфилот го ставам на десното уво, но ако сум нервозна го ставам на левото и не ме допирај и не ми се обраќај“.

На тоа снаата ѝ одговорила:

„А јас наутро кога ќе станам, се туширам, мавам 2-3 ракии и многу ми е гајле на која страна ти е тој твој каранфил.“

Каква е разликата помеѓу свекрва и вегета?

Никаква! И двете во сè се мешаат.

Мојата снаа и јас бевме среќни 25 години. И потоа, за жал, се запознавме.

Која е разликата помеѓу свекрва и пчела?

Пчелата боцка и умира, а свекрвата боцка и боцка и боцка и не умира.

Што би направиле кога тигар би ја нападнал вашата свекрва?

Јас? Ништо! Сам ја нападнал, сам нека се брани.

Што е тоа што преку ден лае, а невечер плива?

Вилицата на свекрвата.

Доаѓа свекрвата на гости кај синот и снаата?

Снаата ја прашува: „До кога ќе останете кај нас?“

„Ах, снао моја, додека не ви здодеам.“

„Зошто толку кратко?“, ја прашала снаата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 начини на кои вашата мачка ви покажува дека ве сака

15 Девојки споделуваат: „Како јас го фотографирам момчето vs. како тој мене“