Верувањето дека демоните постојат и можат да ги опседнат луѓето е нешто што денес би го сретнале само во филм или во некоја книга. Сепак, стравот од демони и зли духови е можеби најраспространетото религиско верување во светот и потекнува уште од древните периоди. Интересно е што католичката црква сè уште тврди дека луѓето можат да бидат опседнати од демони, а во Библијата има 6 ситуации кога Исус ги истерува овие демони и прави егзорцизми.
Холивуд има големо влијание врз прославувањето на егзорцизмот во поп културата, со филмовите кои наводно се направени според вистински приказни. Како резултат, во 1970-тите имало пораст на изведени егзорцизми за речиси 50%. Во продолжение погледнете неколку интересни факти за егзорцизмот што веројатно не сте ги знаеле.
1. Феноменот егзорцизам најверојатно постои многу одамна. Во древна Грција, Епикур и Есхин биле синови на жена која живеела од оваа уметност. И двајцата биле обвинувани дека им помагале на мајка им во овој „нечесен“ метод.
2. Зборот егзорцизам потекнува од грчкиот збор exorkismos што во превод значи „обврзување со заклетва“.
3. Во 1614-та година, Ватикан го објавил првиот официјален водич за егзорцизам, кој бил обновен во 1999-та година.
4. Спротивно на популарното верување, истерувањето на демони не е само дел од римокатолицизмот и западот. Егзорцизмите се изведувани ширум целиот свет, од страна на секоја голема религија.
5. Егзорцизмот е често присутен и во јудаизмот. Јосиф, учител од првиот век, пишувал за егзорцизми кои се изведувале со давање отровни екстракти од корења. Во поново време, рабинот Јехуда Фетаја издал книга, „Michat Yahuda“, чија тема е егзорцизмот и неговите искуства со опседнати луѓе.
6. Во исламот, егзорцизмот е наречен рукја. Методот се користи за поправање на штетата нанесена од црна магија. Денес егзорцизмите се дел од модерната исламска алтернативна медицина.
7. Верувањата и обредите за егзорцизмот се често поврзувани и со хиндусите. Од четирите Веди, се верува дека едната содржи тајни поврзани со егзорцизам, магија и алхемија.
8. Според католичката црква, по завршувањето на егзорцизмот, опседнатата личност чувствува „ослободување од вината и се чувствува преродено и ослободено од гревовите“. За жал, не сите егзорцизми се успешни со еден третман, па понекогаш се потребни денови, недели, па дури и месеци со постојани молитви и егзорцизми.
9. Според канонското право на црквата, егзорцизмот може да го изведе само свештеник, и тоа со дозвола од локален бискуп. Егзорцизмот се изведува само после детален преглед на личноста со кој се исклучува можноста за ментална болест.
10. Покрај егзорцизмите што ги дозволува Ватикан, постојат стотици видови егзорцизми ширум светот.
11. Во 2005-та година, млада калуѓерка од Романија умрела за време на егзорцизам откако била врзана на крст, давена и оставена со денови без храна и вода.
12. Опседнатоста од демони не е валидна психијатриска или медицинска дијагноза.
13. Мислењето на психијатријата за „опседнатоста од демони“ е дека симптомите што ги прикажува „опседнатата“ личност се поврзани со физички или ментални болести како хистерија, манија, епилепсија, шизофренија, па дури и ретка форма на аутизам.
14. Во 2003-та година, аутистично 8-годишно момче од Висконсин било убиено за време на егзорцизам од свештеници, кои тврделе дека за неговата состојба виновни се демони.
15. Според Конференцијата на католички бискупи на САД, знаците за опседнатост од демони се натчовечка сила, одбивност на света вода и способноста за зборување непознати јазици. Други потенцијални симптоми се плукање, пцуење и претерано мастурбирање.
16. Она што го игнорираат повеќето религиски кругови е еден вид манија позната како демономанија или демонопатија, каде што пациентот верува дека е опседнат од еден или повеќе демони. Илузијата дека егзорцизмот функционира на луѓе кои покажуваат симптоми на опседнатост е поради плацебо ефект и моќта на сугестијата.
17. Во 1975-та година, на 31-годишниот Мајкл Тејлор му бил изведен егзорцизам во Англија. Но тој се вратил дома „опседнат од ѓаволот“ и брутално ја убил неговата жена. Бил прогласен за виновен, но и за луд.
18. Некои свештеници изведуваат и „геј егзорцизми“ кои се слични со демонските. Во оваа верзија тие се обидуваат да ги отстранат хомосексуалните демони и другите злобни духови од личноста.
19. На Божиќ во 2010-та година во Лондон, 14-годишно момче било тепано и удавено од неговите роднини кои се обидувале да истераат зол дух од него.
20. Откако сведочел на 50 егзорцизми за истражување, Мајкл Кунео изјавил дека не забележал ништо натприродно – ниту левитација, ниту вртење на глави, ниту напади од демони. Но истакнал дека забележал емоционално вознемирени луѓе од двете страни на ритуалот.
21. Најголемо влијание врз егзорцизмот во поп културата има познатиот филм „Егзорцист“ (The Exorcist). Сценариото е напишано од Вилијам Питер Блати, кој подоцна го објавил и како книга со истото име.
22. Христијанскиот евангелист Били Грам тврдел дека во филмските ленти од „Егзорцист“ навистина живеел демон.
23. Отец Габриел Аморт е најпознатиот егзорцист од римокатоличката црква и наводно го извел ритуалот околу 100 пати. Уште поинтересно е што тој сметал дека серијалот Хари Потер е сатанистичка пропаганда.
24. Наводно, на Мајка Тереза ѝ бил направен егзорцизам од страна на архиепископот од Калкута, откако забележал дека e вознемирена додека спие.
25. Анелиз Мишел била жена католик од Германија која наводно била опседната од 6 или повеќе демони. Во 1975-та година таа била дел од 10-месечен егзорцизам. Умрела следната година поради недостаток од медицинска нега. Веројатно ја знаете нејзината приказна од филмот „Егзорцизмот на Емили Роуз“ (The Exorcism of Emily Rose).
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден