Децата понекогаш знаат да ги измешаат латиничните и киричичните букви, тоа често се случува на почетокот додека ги учат буквите, но на оваа фотографија гледаме дека ниту наставникот не ги совладал двете букви како што треба.
На социјалните мрежи речиси секој ден се појавува нова фотографија од основните или средните училишта, а која ја објавуваат родителите на децата кои се шокирани. Оваа фотографија е настаната во училиште во Србија на која се гледа како наставникот го запишал часот.
„Навикнавме децата да ги мешаат буквите, но како да не го прават тоа кога им предаваат неписмени луѓе. Тоа што во оваа ситуација станува збор за наставник по физичко образование не го менува фактот дека неписмени луѓе работат во училиштата и ги учат нашите деца“ – пишувало покрај фотографијата.
На неа се гледа како наставникот српската буква “И“ ја пишува наопаку и наместо српското “Ч“ тој пишува “Ц“, но и дека не знае да го напише кириличното “Џ“.
„Сето тоа е плод на лош образовен систем, од основно училиште па до факултет. Недоволен број часови и целосно изоставање на изучување на српскиот јазик на факултет. Не го осудуваме овој наставник. Ништо друго не ни преостанува. Доколку него не му е срам да предава во училиште и да биде неписмен тогаш не ни е ниту нас. Меѓутоа, никој не може да ни го одземе правото да тагуваме“ – пишува понатаму во описот на фотографијата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден