во , ,

Градот на анархијата и мирот: Таму нема политика, закони ниту религија…

Ауровил е градот во кој мажите и жените од сите националности можат да живеат во мир и согласност. Во овој утописки град кој се наоѓа во индиската сојузна држава Тамил Наду, живеат околу 3.000 луѓе од околу 50 држави ширум светот.

Името на градот има значење “Градот на зората“, а основан е во 1968-та година и познат е како меѓународен град.

Луѓето од толку различни култури успеваат да живеат во заедница затоа што во Ауровил нема политика, религија, закони или пари. Во градот не постои власт туку одбори кои управуваат со “законите“.

https://www.instagram.com/p/B54ZPY7opyD/?utm_source=ig_embed

Во овој град сè се движи на меѓународна доверба па за престап најголемата казна е тоа што луѓето ќе се чувствуваат “изневерени“. Некои од правилата кои би требало да се почитуваат е тоа што автомобили и алкохол не се дозволени.

https://www.instagram.com/p/B54W_bjgm8E/?utm_source=ig_embed

Визијата за овој град ја имала Мира Алфаса, позната како “Мајка“, нејзината идеја во еден дел ја спровел францускиот архитект Еоџер Ангер.

Куќите воглавно се во спирален облик како споменикот во центарот на градот кој ја претставува човековата насоченост кон совршенство.

Пред овој храм се наоѓа плато на кое жителите вежбаат јога, медитираат и го наоѓаат внатрешниот мир.

https://www.instagram.com/p/B5y7RXzAMh_/?utm_source=ig_embed

Анархична, а мирна заедница, настојува да стане еко град во кој ќе бидат одгледувани многу земјоделски култури за што побрзо да стекнат “независност“ па во самиот град да има сè што е потребно за живот.

https://www.instagram.com/p/B55k20qHyc2/?utm_source=ig_embed

Градот има можност да прифати околу 50.000 жители, а за заедницата да опстане секој има свои “задачи“. Некои од работите имаат врска со образованието, организацијата и архитектурата, културата и уметноста, здравството…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жена од Русија со помасивни мускули од машките бодибилдери руши рекорди

Она кога баба ти е инфлуенсерка, па се шлепаш на неа