во ,

Моментот помеѓу Џенифер Анистон и Бред Пит на SAG Awards за кој сите зборуваат

Во екот на оваа сезона на филмските награди, Џенифер Анистон и Бред Пит неретко присуствуваат на истите холивудските свечености.

Нивната синоќешна средба на SAG Awards моментално е жешка тема за која сите зборуваат.

Поранешните партнери случајно се сретнаа зад сцената, се прегрнаа и се фатија за раце, честитајќи си за добиените награди.

И двајцата актери се закитија со награди на свеченоста. Статуетката за Извонредна изведба на актер во споредна улога заврши во рацете на Бред, додека Џенифер ја прими наградата за Најдобра актерка во драма.

Во својот говор, Бред се шегуваше за своите неуспешни бракови и за гостувањето во серијата „Пријатели“, а Џенифер не остана рамнодушна на неговите зборови.

https://www.instagram.com/p/B7iPkO0Df_R/?utm_source=ig_embed

Подоцна, Пит беше уловен зад сцената додека на телевизор го гледаше говорот на Анистон.

https://www.instagram.com/p/B7iRlaQndXx/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B7iPnLDJU61/?utm_source=ig_embed

50-годишната актерка носеше бела креација од Џон Галијано за Диор, која веќе ја имала во својот плакар.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Урнебесни фотки од луѓе кои знаат како да се справат со екстремните жештини и студови

Да се оженев за Скопјанка, досега ќе ми ги слечеше чорапите!