Историјата може да се пофали со многу силни и успешни жени.
А, помеѓу нив постојат неколку кои се издвојуваат со нивните револуционерни идеи. Овие жени не ги следеле нормите и биле доволно храбри да го зачуваат своето јас во услови што воопшто не им го дозволувале тоа.
Овие жени не му дозволиле на општеството да ги покори и засекогаш го променија светот во којшто живееме.
Принцезата Дијана
Светот засекогаш ќе ја сака принцезата од Велс и никогаш нема да ја преболи нејзината трагична смрт. Дијана му покажа на светот како изгледаат принцезите од реалноста и докажа дека и тие се како и секоја жена.
Вљубена, несреќна, разведена и прогонувана, Дијана им се доближи на сите жени ширум светот и засекогаш го промени британското кралско семејство.
Кетрин Џонсон
Кетрин ќе остане запаметена по несудената љубов со Тесла. Но, таа е и една од првите жени кои работеле за НАСА.
Нејзините пронајдоци во областа на орбиталната механика помогнаа да се создаде системот за навигација во првиот американски вселенски лет.
Кетрин беше дел од тимот што ги испрати првите луѓе на месечината.
Роза Паркс
Афроамериканската активистка за граѓански права поттикна многу протести ширум Америка за правата на Афроамериканците, откако одби да му отстапи место во автобус на белец.
Паралелно со ова, Роза водеше и борба за женските права и неретко е нарекувана „Првата дама на граѓанските права“ и „Мајката на движењето за слободата“.
Розалинд Френклин
Розалинд е научникот што ја откри ДНК структурата, а со тоа ги постави и темелите за генетскиот инженеринг и вонтелесното зачнување.
Сè што знаеме денес за гените и наследните особини е благодарение на оваа жена.
Мери Стоупс
Мери била писателка, ботаничарка и активистка за женските права.
Таа ја основа првата клиника за контрацепција во Обединетото Кралство и им овозможи на жените самите да одлучуваат за нивното тело.
Амелија Ерхард
Амелија беше американски пилот и постави неколку рекорди во областа на воздухопловството.
Во 1937-ма година таа го започна нејзиниот лет околу светот, но оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Покрај тоа што Амелија засекогаш ќе остане во историјата на авијацијата, нејзиното исчезнување е една од најголемите нерешени мистерии.
Фрида Кало
Мексиканската уметница и феминистка служи како инспирација за милиони луѓе.
Фрида доживеала тешка несреќа и поголемиот дел од животот го поминала во креветот, но веројатно оваа болка ја направи една од најпрепознатливите уметници во историјата на човештвото.
Кало беше и остана симбол за сила и надминување на животните околности.
Мери Вулстонкрафт
Поради нејзините неортодоксни сфаќања за тоа како треба да живее една жена, Мери се смета за една од првите феминистки.
Таа сакаше да им докаже на сите дека постои интелектуална еднаквост меѓу мажите и жените и сметаше дека секоја жена треба да се образува.
Нејзината борба е во самите корени на половата рамноправност.
Коко Шанел
Коко е личноста што ги ослободи жените од модните и стилски стеги. Таа создаде облека која е удобна и го прекрива женското тело на елегантен начин.
Коко црпела инспирација од машката облека, а нејзините револуционерни идеи станаа модни закони.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден