во ,

Отворен бурекомат – оваа бурекчилница пронашла оригинален начин за работа во време на коронавирус

Една позната бурекчилница во Панчево пронашла начин како да ја заобиколи пандемијата на коронавирусот и да дојде до своите клиенти – тие направиле бурекомат по пат на кој луѓето можат да го нарачаат својот омилен бурек потполно безбедно.

Бурекоматот функционира по принципот на шалтер – луѓето доаѓаат до него, нарачуваат бурек кај вработениот кој на себе има заштитна маска и ракавици, плаќаат преку еден отвор, а бурекот го добиваат низ друг.

“Луѓето исклучително ја поздравуваат идејата. Тоа е наш скромен придонес, но значи. Во принцип сите треба да прејдат на таков модел на работење”, изјавил Данило Радаковиќ од бурекчилницата “Станкоски” во Панчево кој додал дека бурекоматот редовно се дезинфицира.

https://twitter.com/BarkaDzimibarka/status/1244941953617272833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1244941953617272833&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F337813%2Fotvoren-burekomat-ovaa-burekcilnica-pronasla-originalen-nacin-za-rabota-vo-vreme-na-koronavirus

Идејата се родила на 14 март, пред прогласување на вонредната состојба, кога во бурекчилницата имало огромна гужва. Тогаш веќе било евидентно дека работите во земјата ќе се влошат, па сопствениците морале да смислат начин за безбедно врачување на бурекот на нивните клиенти.

Бурекоматот започнал со работа на 18 март и веднаш станал вистинска сензација помеѓу луѓето. Сопствениците велат дека тоа е “првиот автомат за бурек во светот”.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драги, уште долго ли ќе се задржиш во бањата?

19 Фотографии покажуваат како се работи од дома, но со деца?