Иако се наоѓаат на самиот север на европскиот континент, иако ноќите понекогаш им се подолги од деновите, иако поголем дел од годината го поминуваат на температури под нулата, Финците се најсреќниот народ во светот.
Па, зошто е ова вака?
Постојат 11 причини за тоа:
Финците поминуваат многу време во природа
Околу 70 проценти од Финска се наоѓа под шума, затоа Финците сакаат да го поминуваат своето време во природа. Таму се чувствуваат опуштено и мирно, а некои од најпопуларните активности се шетање и возење велосипед.
Земја на 1.000 езера
Финска се нарекува и „земја на 1.000 езера“. Езерата се резултат на глацијацијата што завршила пред 10 илјади години. Водата е толку чиста, што може да се пие.
Пари за деца
Родителите во Финска секој месец добиваат по 100 евра за секое дете. Ова плаќање трае сѐ додека детето не наполни 17 години. Овие пари родителите најчесто им ги даваат на децата кога ќе се иселат од дома.
Најдобри пици на светот
Целата приказна започнува со италијанскиот премиер Берлускони, кој еднаш изјавил дека не е љубител на финската кујна. Три години подоцна Финска освојува награда за најдобра пица, а победничката пица ја нарекуваат Берлускони.
Рециклирање
Финците одамна сфатиле дека рециклирањето е потреба. Затоа, 90 проценти од отпадот се рециклира.
Доверба во полиција
Граѓаните имаат доверба во полицијата, а повеќе од 90 проценти имаат доверба и во другите државни институции.
Необични спортови
Тешко дека ова може да се нарече спорт, но Финците имаат натпревар за фрлање мобилни телефони, свирење воздушна гитара, фаќање комарци и слично.
Право на интернет
Пред 10 години Финска стана прватa земја во светот која го прогласи интернетот за основно човечко право. Тука интернетот им е достапен на сите.
Кафе
Според податоците на Интернационалната организација за кафе, Финците се втори во светот според консумација на кафе.
Бесплатно образование
Уште од мали нозе, децата во Финска се стремат да учат странски јазици. Затоа, повеќето од населението зборува совршено англиски. Образованието е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.
Селото на Дедо Мраз
Во гратчето Рованиеми во Лапонија се наоѓа Селото на Дедо Мраз, што можете да го посетите кога било.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден