Победата на лотарија одеднаш може да ви донесе огромно богатство и блескава иднина, но, понекогаш и не е баш така.
Добивките од игри на среќа често знаат да се претворат во проклетство. Некои жалат што некогаш победиле. Зошто тоа се случува?
Сите добитници на голема сума пари веројатно реагираат премногу емотивно со самото тоа што тие немаат никаков план за располагање со паричните средстсва.
Во продолжение ви претставуваме осум добитници кои откриле дека освојувањето на лотаријата е крајно „изгубена“ среќа:
1. Братоубиство за пари
За Вилијам „Бад“ Пост III животот изгледал бесцелено, без никаква надеж дека некогаш ќе заработи доволно пари за да живее добро.
Во 40-те години поминати со само неколку долари, тој освоил повеќе од 16 милиони долари на лотаријата во Пенсилванија.
Но, Вилијам останал со едвај 500.000 американски долари по само три месеци од неговата победа во 1988 година, делумно затоа што купил авион (иако немал дозвола за пилот).
Ситуацијата само се влошувала и еден од неговите браќа бил осуден за планирање на неговото убиство.
Парите ги трошел без нималку размислување за иднината, такашто во раните 90-ти тој поднел барање за банкрот. Починал од респираторна слабост во 2006 година, на 66-годишна возраст.
Неговиот адвокат, Лон Лачер, вели:
„Тој стори сé што се очекуваше од човек што стана милионер преку ноќ. Ако купите лаптоп, Бад ќе го види истиот и ќе купи 30“.
2. Казино слот-машина
Евелин Мeри Адамс им пркосела на огромните шанси: Таа освоила лото дури двапати.
Адамс собрала 3,9 милиони американски долари од играта на лотарија Пик-6 во октомври 1985 година и, секако, продолжила да игра. За брзо време, нејзини биле уште 1,4 милиони долари.
„Следеа многу барања за финансиска помош“ – изјави таа за Њујорк Тајмс во 1993 година.
„Неколку мои роднини ми беа лути затоа што имав толку многу“.
Таа завршила со загуба на голем дел од своето богатство во казината на Атлантик Сити во 2012 година.
„Сега сум скршена… работам на две работни места“ – изјави Евелин за весникот. „Мојот совет до секој (кој ќе победи) е прво да отиде кај неговиот адвокат и сметководител“.
3. Милионер кој го освои џекпотот
Можеби е тешко да се поверува дека човекот веќе бил милионер, а потоа освоил џекпот на лотарија вреден 315 милиони долари, но Андреј Витакер го сторил тоа.
Витакер планирал да донира голем дел од своите добивки.
„Јас сум навистина возбуден поради добрите работи што можам да ги направам со ова“, изјавил тој за Њујорк Тајмс.
Наскоро, проблемите започнале. Тој и неговата сопруга се развеле. Неговата внука – која се појави со него на националните ТВ-емисии откако Витакер ги освои парите, починала во мистериозни околности.
Витакер започнал да пие. Тој бил ограбуван навистина често и велел дека се бори со повеќе од 400 правни поплаки во еден момент.
4. Победа за оданочување
Еден обичен ден во 1990 година е всушност денот кој ја променил целата судбина на Алекс и Рода Тот.
Тие купиле лото-ливче, иако баш и не сакале, но не ни помислиле дека тие 24 долари ќе променат сѐ. Тие биле добитници на 13 милиони долари, но за жал, нивната бајка немала среќен крај.
„Тоа предизвика да изгубиме многу пријатели, некои членови на семејството“, изјави Рода Тот во 1997 година.
Неколку години подоцна, парот се пријави за заштита од стечај. Во 2006 година, федералната влада ги обвинила за даночни измами.
Мајк Ронадс, адвокат на групацијата Роудс Леви во областа на Чикаго, вели дека падот на даноците е неопходен за добитниците на лотарија.
5. Дедо Мраз
Освојувањето на џекпотот за лотарија во Тексас вреден 31 милиони американски долари во 1997 година, првично се чинело како лек за финансиските проблеми на Били Боб Харел Jуниор.
Со своите годишни примања од 1,2 милиони американски долари, тој плаќал сметки, купувал нови автомобили и домови за семејството и издржувал огромен број социјално загрозени семејства.
„Тој беше Дедо Мраз“ – изјави неговата мајка за магазинот „People“.
Но, бескрајниот притисок од странци кои му барале пари навистина ескалирал.
Харел бил принуден да го смени својот телефонски број повеќе од еднаш.
Тој и неговата сопруга се разделиле. За помалку од две години откако тој ја добил оваа „бесценета“ награда, Харел си го одзел животот.
6. Богат, но со долгови
Сузана Мулинс освоила 4,2 милиони долари на лотаријата во Вирџинија во 1993 година.
Откако ги поделила парите со семејството, даноците и „одзеле“ дел од наградата, па нејзините 20-годишни исплати со малку помалку од 50.000 американски долари не беа доволни за животот на еден милионер.
Во финансиските потешкотии, по само пет години, таа земала заем од скоро 200.000 американски долари од Фондацијата на Народна лотарија, користејќи ги своите добивки како колатерал. Кога правилата за лотарија се промениле, Сузана избрала да добие паушална исплата.
Според повеќе извештаи во медиумите, Мулинс била тужена во 2004 година, кога од позајмицата сè уште ѝ должела на фондацијата.
7. Среќа во несреќа?!
Денис Роси била во брак четвртина век, кога на лотарија во Калифорнија во 1966 година освоила 1,3 милиони американски долари.
Еден од нејзините први чекори бил да побара развод од сопругот, кој не ни знаел дека таа го зела џекпотот.
Томас Роси ја открил веста неколку години подоцна, кога отворил писмо наменето за Денис во врска со тоа дали сака да ги земе своите добивки во паушална сума или, пак, во годишни исплати.
Томас ја тужел својата поранешна сопруга во 1999 година.
Резултатот? Нејзиниот поранешен сопруг ги добил сите нејзини добивки.
Тој го опишал нивниот брак во неговиот судски процес:
„Ние дури ја делевме истата електрична четка за заби“.
ПОУКА: Овие приказни не служат за да ве демотивираат да играте лотарија и игри на среќа, туку паметно да одлучите што ќе правите со добивката, наместо да се фалите и да се расфрлате со непотребни трошоци!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден