во ,

7 Навидум непотребни работи кои ги фрлате, а може да заработите пари од нив

Можеби не буквално, но следен пат пред да фрлите некоја навидум непотребна работа како празна кутија или стара играчка, размислете дали можете да заработите од неа.

Луѓето во светот заработуваат од овие 7 навидум непотребни работи:

1. Празни кутии

Некои луѓе се подготвени да платат мало богатство за работа која за вас е сосема непотребна. Искористете го тоа. Обично, тоа се колекционери на кои кутиите им требаат за чување на важните предмети кои ги собираат.

Исто така, празните кутии од iPhone може да достигнат цена до 10 долари, зависно од моделот.

2. Стари принтови

Сите ретро постери, карти и други печатени материјали може да достигнат вртоглаво висока цена, ако се ретки и уникатни.

3. Храна со ретки вкусови

Можно е да заработите и од храна со ретки вкусови која се продава на локално ниво, а во светот ја нема. Исто важи и за разни козметички производи од лимитирани серии.

4. Картони од тоалетна хартија и пластиките од Киндер јајца

Пакување од 100 картони од тоалетна хартија на eBay чини 15 долари, додека 50 пластични кутивчиња од Киндер јајца се продаваат за 4 долари.

5. Ретро парфеми и козметика

Винтиџ Шанел или некој друг ретро парфем може да ви донесе доста пари, па дури и ако шишенцето е празно.

6. Кутија со ситници

Не се шегуваме. Има интернет аукции на кои се бараат кутии полни со ситници, бидејќи има луѓе кои веруваат дека она што за вас е ѓубре, за некој може да биде богатство. На пример, кутијата на сликата е продадена за 22 долари.

7. Ретро играчки

Колекционерите се подготвени да платат доста пари само за нивната колекција да вбројува играчка која ретко кој ја сочувал дома. Старите играчки кои мислите да ги фрлите, може да ви донесат и над 200 долари заработка.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Стереотипи за мажите, кои за среќа веќе не важат

Како изгледале познатите мажи во младоста?