во , ,

15 Стереотипи за мажите, кои за среќа веќе не важат

Дали некогаш сте ја слушнале фразата: „Па, дали тој е маж? Како може да се однесува така?“ или пак кога на малите момчиња им велат: „Не плачи, биди маж“.

Мажите не се мажи ако не знаат да сменат гума, ако жалат по невозвратената љубов или ако пуштат и само една солза.

Ова може да им наштети на самодовербата, но за среќа ваквите стереотипи се надминати:

За мажот нема место во кујната, тој може да прави само скара, а ако не знае да прави скара не е маж.

Вистинскиот маж за време на викендите гледа спорт со пријателите, а ако гледа некое шоу со партнерката, па уште и љубовно, тој не е маж.

Ако жената заработува повеќе од мажот, тогаш тој не е маж.

Мажот по правило треба да зјапа по други жени и по природа да сака полигамија, ако не нешто не е во ред.

Дури и да го нападнат десетмина и знае дека тешко ќе извлече жива глава, мажот мора да се тепа, не смее да се повлече.

Треба да знае да склопува мебел, да поправа тоалети, да мести полици, зарем татко му не го научил на тоа?

Дури и по 10-годишна врска која пропаднала мажот не смее да биде тажен, тој треба да најде замена веднаш.

Крема за хидратација или препарати за коса? Не, вистинскиот маж не смее да користи козметика.

Вистинскиот маж треба да јаде месо, стомакот е светост.

Мажите смее да ги мачи само едно нешто – чувството на глад. И да има нешто друго лекот е теретана и пиво.

Мажот треба да има машко хоби – риболов, лов, спорт.

Мажот сите одлуки треба да ги носи сам. Не смее да се консултира со други.

Мажот треба да преземе иницијатива, не смее да чека, негова задача е да го добие тоа што го сака.

Мажот треба да има машка работа – електричар, водоводџија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Смешни фотографии од патки кои личат на Џорџ Вашингтон

7 Навидум непотребни работи кои ги фрлате, а може да заработите пари од нив