во ,

Девојка нападната од див бизон, но успеала да го измами како на филм

Застрашувачкиот момент кога подивениот бизон почнал да трча кон туристите во американскиот национален парк Јелоустоун бил забележан со камера, но за среќа нападнатата жена одиграла паметно и минала неповредена.

Како што се гледа на снимката, пар се шетал кога два бизони од чиста мира почнале да трчаат кон нив. Бегајќи во паника, жената се сопнала и паднала во моментот кога повеќе немало шанси да побегне од животното.

За среќа, останатите туристи и довикувале да легне и да не се поместува, што таа и направила. На изненадување на присутните, бизонот и пришол на жената која лежела неподвижно во тревата, ја подушкал и наеднаш и изгубил интерес за неа.

Тинејџерката која го снимила видеото вели дека разговарала со жената по страшниот инцидент.

“Беше страшно, ова е лудо. Жената е од Њујорк но живее во Монтана, па поради тоа знаеше како треба да се однесува, бидејќи животното беше премногу блиску”, рекла таа.

Службениците на Јелоустоун нагласуваат дека луѓето би требало да се држат подалеку од сите животни на најмалку 25 метри оддалеченост.

“Бизоните може да бидат многу непредвидливи. Тоа е многу ризично. Може да делуваат и целосно смирено и незаинтересирано и само во секунда да го променат однесувањето”, рекла Рејчел Бејл од “National Geographic”.

Бизоните повредуваат убедливо најмногу луѓе од било кои други животни во паркот, а тие средби можат и во целост да се спречат.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Едноставна задача која многу од луѓето ја решаваат погрешно затоа што не внимаваат – го знаете ли решението?

Се јавив во фирма за услугата „Сопруг за еден ден”…