во , ,

Познатиот моден бренд продава „валкани“ панталони, а од цената ќе ве „здоболи“ глава

Модната куќа „Гучи“ претстави нов модел на фармерки, дизајниран за да изгледа како да има дамки од трева на колената и задникот.

Цената на фармерките изнесува 770 долари, а во продажба се нашол и комбинезон чија цена изнесува околу 1400 долари.

Брендот на својата интернет страница навел дека новите парчиња се дел од колекцијата за есен и зима 2020 година и дека со овие „валкани“ модели сакале да постигнат „гранџ“ ефект.

„Панталоните со широки ногавици се направени од органски памук и се посебно третирани за да се добие ефект на дамки“, е наведено во описот на производот.

„Гучи“ минатата година претстави и патики кои се дизајнирани да изгледаат валкано и износено, а нивната цена беше околу 900 долари.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 предмети кои во минатото изгледале сосема поинаку: Фрижидер, маус за компјутер…

Мачка пристигнала во семејство со 3 кучиња, набрзо започнала да се однесува како нив