во ,

Ќе направиш 100 работи во денот и на крајот мажот ќе те праша – е аман, од што си толку уморна?

Спиеш на штрек и го проверуваш бебето на секои 20 минути дали правилно дише. Дали му е топло, дали му е ладно. Да не настине, да не се повреди, иако знаеш дека веројатноста е многу мала, бидејќи и бебето е многу мало. Сепак, стравот е голем.

Ти си тазе мајка и имаш чувство дека никој да не те разбира. А најчесто, за жал, вистината е таа. Никој и не те разбира.

Твојата борба започнува пред петлите. Бебето плаче во ниедно време. Тивко, на прсти се обидуваш да го смириш, за да не се разбуди сопругот. За да се наспие, бидејќи утре е на работа.

Дај боже твојата работа да беше само смирување на бебето, пресоблекување на валканите пелени и грижата за неговата исхрана (како што мислат сите). Но, секако дека не е само тоа.

Тука е домот. Тука е зачистувањето. Тука е ручекот. Тука се алиштата кои се трупаат. Твои, негови, на бебето. Тука е купувањето храна за дома, тука е полнењето на фрижидерот. Тука се ситните поправки кои само ти ги забележуваш и за кои ти мора да го чекаш мајсторот кој, како за беља, може да помине само во периодот додека сопругот е на работа.

На крајот, уморна, исцрпена, нервозна и раздразлива, успеваш да го заспиеш бебето. Тоа веќе е мочкано, какано, најадено, изиграно и заспано.

Успеваш да украдеш 30 минути за себе и не знаеш што попрво – да ги домиеш ли садовите, да си направиш едно кафе или можеби конечно да се избањаш раат, да си ја исчешлаш косата и да ја фрлиш таа маица која е покриени со дамки од бебешка храна и малку повраќаница.

Сепак, ајде прво едно кафе, па после сè друго… само што седнуваш, 5 моменти мир и тишина за тебе.

Во тој момент влегува сопругот. Домот е чист и среден, бебето заспано, а ти пиеш кафе… тој се врти ѝ ти вели: „Блазе си ти, си уживаш. Да знаеш колку напорен ден имав јас…“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Смешни фотографии направени во вистинскиот миг

15 Забавни факти што докажуваат колку е неверојатен светот околу нас: Ежот не се раѓа со боцки