Факт е дека денес смартфонот е речиси неопходен, но факт е и дека стануваме сè позависни од овие направи.
Многу луѓе веќе се навикнаа да го земаат телефонот дури и кога одат во тоалет, но постојат неколку причини зошто ова е погрешно.
Во продолжение погледнете неколку од нив:
Бактерии
Бројни истражувања покажале дека нашиот смартфон е еден од највалканите предмети што ги поседуваме и на нив има секакви бактерии и микроорганизми. Ако, пак, го носите и во тоалет, на него дефинитивно ќе завршат и многу од бактериите што се наоѓаат таму.
А, бидејќи ретко кој има навика да го чисти телефонот, овие бактерии завршуваат на вашите раце, а оттаму во вашиот организам.
Хемороиди
Досега веројатно и самите сте забележале дека кога одите во тоалет со смартфон, се задржувате многу подолго. Но, долгото седење на тоалетната школка не е без последици.
Иако е потребно уште да се истражува на оваа тема, забележан е пораст на случаи со хемороиди откако смартфоните станаа популарни. Најверојатно, причината за ова е притисокот што се создава поради долгото седење на тоалетната школка.
Проблеми со мускулите и органите околу карлицата
Сè што создава голем притисок на абдоменот, може да предизвика проблеми со карличните мускули и органи, вклучувајќи и пролапс, односно спуштање на матката.
Повременото одење во тоалет со телефон веројатно нема да предизвика ваков проблем, но ако оваа навика стане секојдневие, кога-тогаш ќе се појават последици. Како кај хемороидите, и овојпат причината е долгото седење на тоалетната школка.
Зависност од смартфонот
Смартфонот е навистина корисна направа, но не треба да ви биде во раце буквално целиот ден. Ако не можете да го оставите телефонот дури и кога одите во тоалет, размислете дали можеби сте станале зависни од оваа направа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден